Македонија

Стефковски: Пуштете вода или излегуваме на улица

Институциите кои молчат ќе се соочат со гневот и незадоволството на граѓаните. Нема да дозволам никој да биде оставен без вода во 21 век, во главниот град на Македонија!

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски преку својот профил на социјалните мрежи го повика ЈП Водовод и канализација во врска со проблемот со недостатокот на вода за пиење.

Спопред Стефковски, населените места Црешево, Смилковци, Маџари, Железара, Автокоманда и Ченто се оставени без вода за пиење поради недостаток на колични на вода.

„Во услови на екстермно високи температури, ваквата состојба е не само недозволива, туку и срамна. Ги потсетувам Град Скопје и ЈП Водовод и канализација дека не постојат сами за себе, туку за граѓаните. Како градоначалник избран од народот им порачувам: проблемите на граѓаните се и мои проблеми“. – напиша Стефковски.

Тој упати апел за итно постапување, интервенција и изнаоѓање решение, а во спротивно најави дека ќе ги поддржи граѓаните во превземањето на сите демократски методи и најави можна организација на протести.

Затоа денес, јавно и јасно упатувам апел за ИТНО постапување. Бараме итна интервенција и решение! Доколку оваа состојба не се реши веднаш, ќе го поддржам народот во превземањето на сите демократски методи. Ќе излеземе на улица!

Институциите кои молчат ќе се соочат со гневот и незадоволството на граѓаните. Нема да дозволам никој да биде оставен без вода во 21 век, во главниот град на Македонија!

Ова не е политичко прашање – ова е прашање на живот. Граѓаните заслужуваат почит, а не игноранција – заклучи Стефковски.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top