Македонија

Стојановска: Ахмети прифати помалку министерства од Вреди и да нема Албанец-претседател на Собрание, само да влезе во Владата!

„Али Ахмети кажува дека со претседателот Мицкоски пред една година договорил предвремени избори, но не ја кажува вистината за средбата во мојата канцеларија, каде што нудеше влез во Владата, без да бара претседателско место во Собранието и со прифаќање едно министерско место помалку од тоа што го бараше Вреди, само да биде дел од истата оваа влада!“ – објави на својот профил на фејсбук Дафина Стојановска, пратеничката од ВМРО ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

Обвинувајќи го лидерот на ДУИ Али Ахмети дека лаже за божемниот „договор за предвремени избори“ со премиерот Христијан Мицкоски, Стојановска на општествената мрежа дополни: Но, ние останавме истрајни во она што беше порака од народот – дека ДУИ мора да оди во опозиција. Друг пат, пред да кажува невистини, Али Ахмети нека размисли добро и нека биде подготвен дека ние ќе кажуваме вистини.

Прашањето е дали ваквите изјави служат за да се спречи ерозијата во сопственото членство и кај досегашните нивни поддржувачи? – објави Стојановска.

Најнови вести од: Македонија

Две убиства за 48 часа! Грк застрелал ловочувар кај Виница, мајка убиена од син во Росоман

Во Виница, 80-годишен грчки државјанин го застрелал 56-годишен ловочувар Д.А. од с. Липец за време на лов. Полицијата покренала кривична пријава против осомничениот по член 123 од Кривичниот законик, а четири лица се лишени од слобода. При претреси во апартманите и возилата на осомничените биле пронајдени четири ловни пушки, околу 800 парчиња муниција и друг доказен материјал од интерес за истрагата.

Советот на јавни обвинители ја прекина дисциплинската постапка против Хајрулахи и го враќа на работа Цветановски

Советот на јавни обвинители едногласно ја укина суспензијата на обвинителот Јован Цветановски и одлучи предметот да го врати на повторно разгледување.

Најнови вести

To top