Македонија

„Стратегијата Македонија 2030“ е визија за модерна, стабилна и европска Македонија

Стратегија усвоена на Конгресот на партијата во Кавадарци „Ново поглавје – Македонија 2030“ значи визија за модерна, стабилна и европски ориентирана Македонија, со јасно дефиниран политички и развоен правец за следната деценија, изјави Антонијо Милошоски пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Нова визија за ВМРО-ДПМНЕ и за државата. Создавање национален патоказ и рамка за стабилизирање, но и зајакнување на земјава без да ја изгуби духовноста и историјата, патоказ што гарантира стабилни институции, модерна економија и почитувана дипломатија. Вака накусо може да се опише 18-тиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ каде беа потврдени успешните политики, под водство на лидерот Христијан Мицкоски. Тие, според владејачката партија, го трасираат патот на раст и развој на државата во успешна, модерна и просперитетна Македонија.

  • „Документот ја позиционира ВМРО-ДПМНЕ како политичка сила подготвена да ја преземе одговорноста и улогата за ова државничко лидерство. И ова се разбира не е список на политички кампањски предизборни желби, туку е документ со јасни цели коишто би биле национална траекторија во следните 10-15 години. Клучната амбиција е оваа Стратегија Македонија до 2030 година да стане земја што создава стабилност, економска додадена вредност и институционална зрелост, со национален идентитет што се почитува, а не се условува дневно политички. Стратешката рамка за 2025-2030 ги содржи шесте клучни стожери што ќе водат развој на државата.“

Според него, петтиот и шестиот стожер се европска интеграција и надворешната политика и образованието, културата и идентитетот се клучни.

  • Партнерства со јасни црвени линии ни се најбитен дел, затоа што ние како политичка партија сме определени за Европската Унија како еднаков партнер, без дополнителни билатерални условувања кои што би го допирале идентитетот или националната самобитност на македонскиот народ и да државата. И шестиот стожер е образованието, културата и идентитетот каде што мора да вложуваме во модерни програми, дигитален дел, да речам, на културата, исто така, и на образованието, поддршка за науката, заштита на македонскиот јазик и неговата промоција. Бидејќи без силна култура и образование не би имале толку силно општество, и промоција на нашите одлики во европско ниво – рече Милошоски – изјави тој.

Според  Милошоски, стратегијата носи нови теми што ја подготвуваат Македонија за иднината и оваа национална стратегија обрнува внимание и вештачка интелигенција како еден нов дел од технолошкиот натпревар, не само во Европа, туку и на глобално ниво.

По Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, рагира опозициската СДСМ. За нив, тој бил само за партиски интереси.

  • „Најсилна поддршка добија од Виктор Орбан и неговата партија Фидес. Тој успешно го крие и го чува бегалецот Никола Груевски, бегалецот од правдата, кој украде две милијарди евра и побегна. Но, сè уште управува со ВМРО-ДПМНЕ од далечина“, стои во реакцијата на СДСМ за вчерашниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, по кој унгарскиот претседател Виктор Орбан ја прогласи оваа партија за една од најуспешните во Европа. Бизниси, кредити, банки, оваа власт е директно поврзана со Орбан. Тоа е делод вертикалата преку политичките партии Фидес на Орбан, СНС на Вучиќ, во Србија и ДПМНЕ на Груевски и Мицкоски која со години функционира на иста линија. Што е заедничко за оваа оска, освен големи бизниси, преплетени интереси, моќ и влијание“, порачуваат од СДСМ.

На конгресот, кој се одржа под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“, беа усвоени два политички документа, Стратегијата 2025–2030 и Доктрина. Тоа значи дека Македонија останува развиена и силна економија, каде домашните компании ќе станат мотор на растот, индустрии базирани на знаење, напредни ИКТ технологии, вештачка интелигенција, дигитализација.

Дека ова е најсилниот меѓународен „ветер во грб“ што ВМРО-ДПМНЕ го добила на партиски конгрес, говорат и сестринските партии. Лидерите на земјите од регионот со порака: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се блиску до граѓаните и затоа победуваат.

Инаку, Мицкоски застана на чело на партијата во 2017 година. Ова е негов трет и, според партискиот Статут, последен мандат како претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Аларм: Децата без око да им трепне си купуваат цигари како да се мастики

Ново истражување за употреба на тутун кај младите покажува системски недостатоци на повеќе нивоа – од висока достапност на цигарите во продавници и киосци, каде што основците меѓу шесто и деветто одделение можат да набават тутун без поголем проблем, па сѐ до висока изложеност на децата на чад внатре и околу училиштата.

Одложена седницата на работната група за реформи во изборното законодавство, материјалите не биле преведени на албански јазик

Денес не се одржа конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство, поради барањето на дел од албанските партии да бидат преведени материјалите.

Мисајловски: Службата на „Волците“ е симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност, но и заклетва, чест и љубов кон Македонија!

„Специјалните сили ‘Волци’ се симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност. Тие се први кога е најпотребно, најсилни кога е најтешко и најодлучни кога татковината бара сигурност и заштита. Со беспрекорна обученост, тимски дух и силно чувство за должност, секојдневно ја потврдуваат својата елитна позиција во македонската Армија. Вашата служба не е само професија, таа е заклетва, чест и љубов кон Македонија. Благодарение на вашата пожртвуваност, нашите граѓани се чувствуваат безбедно.“ – објави на својот фејсбук-профил министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски.

To top