Македонија

Судиите и обвинителите и сега имаат добри плати, тоа не е причината за довербата од два проценти

Став на експерти

Прашањето за зголемување на платите на судиите и јавните обвинители деновиве е во фокусот на јавноста. Консултиравме неколку експерти во воаа област, а нивен заеднички заклучок е дека високите примања сами по себе не гарантираат подобрување на квалитетот на правосудството, ниту намалување на корупцијата. Напротив, проблемот е многу подлабок и бара системски реформи, прочистување и јакнење на институциите.

Според Ставре Џиков, поранешен јавен обвинител на Македонија, најпрво, лошата, и, како што вели „сосема оправдана оценка од граѓаните на Македонија е резултат на непристојното, недостоинствено и несоодветно постапување“.

-Судиите и обвинителите, и во тој дел на правосудниот систем, не го докажуваат она што е пропишано во Уставот, законот и човековите права. Тоа подразбира достоинствено и навремено постапување по сите предмети, односно водење на постапките на законски начин и во рамките на правната наука, рече тој.

Џиков вели дека зголемувањето на платите нема да го реши целосно проблемот.

-Тоа нема целосно да го реши проблемот. Иако треба да се подобрат условите, и во принцип сум за тоа да нема мешање на извршната во судската власт, бидејќи Уставот го гарантира тоа, а со тоа се гарантира демократијата во македонското општество. Ова е сложен процес, но кој треба да се одвива паралелно и истовремено. Потребен е избор на квалитетни судии со морал, етика, стручност и посветеност, бидејќи нашето општество сега е метастазирано до степен на кланови. Ова не го кажувам првпат, но сакам едноставно да ги предупредам колегите и да ги охрабрам, да ги мотивирам, бидејќи мора од сега да почнат да се активираат – дел од Судскиот совет, Советот на јавни обвинители – каде беа досега? Ги нема, посочи тој.

Др-Драган Секуловски е скептичен дека повисоките плати ќе донесат резултати.

-Мислам дека нема многу да помогне. Платите веќе се зголемија за речиси половина, а не бележиме никаков подобрен рејтинг во правосудството, ниту пак намалување на корупција, рече тој.

За него, решението лежи во независноста на судството.

-Се создаваат различни намери за постигнување баланс во правосудството, а различните власти постепено – некои решаваат, некои не решаваат – и така денес дојдовме во тешка ситуација на тотален застој, прво во стручниот дел, а потоа и во антикорупцискиот или корупцискиот, како сакате да го наречете. Ова е многу обемна материја и бара повеќе гледишта, бара подетални истражувања и поставување правилни цели, рече тој.

Поранешниот претседател на Основен суд Скопје 1, Владимир Панчевски, посочи дека високите плати никогаш не биле гаранција за квалитет.

-Зголемувањето на платите на судиите и обвинителите се смета за некаква реформа, но тоа не дава никакви гаранции. И досега високите плати не дадоа гаранција дека предметите ќе се работат совесно и стручно. Немаме квалитет на постапките, посочи тој.

Тој смета дека треба да има реформа со прочистување на судскиот систем.

-Мислам дека овие состојби треба да доведат до еден генерален реизбор на сите судии и обвинители, ако ништо друго, барем прочистување. Тука се поставува прашањето дека може да дојде до дефицит на кадри, можеби, од целата состојба, бидејќи ќе има многу разрешувања, претпоставувам, а тоа не можеме да го знаеме, и дека нема да може да се постапува по предметите соодветно. Според сите досегашни анализи и објави, видовме дека некои држави кои се многу посовремени од Македонија, со посовремен правен систем и на повисоко ниво, имаат помал број обвинители и судии. Од тие причини, сметам дека треба да има една таква суштинска реформа, едно прочистување на самото судство, за да може да се адресира проблемот на соодветен начин, образложи тој.

Поранешниот министер за правда, Михајло Маневски нагласи дека платите на судиите во Македонија не се мали во споредба со платите на судиите во Европа.

-Платите на судиите за кои што се говори, кои што не се мали во споредба со платите на судиите во Европа, се движат од 70-80 до 120-140 илјади, зависно за кој суд се работи. Ние мора да ја имаме предвид општата состојба во државата, колку е просечната плата, какви се платите на јавната администрација, здравството, образованието. Судовите имаат добри плати и тоа не е причина за ваквата состојба во судството, рече тој додавајќи дека според него, причините се од политички, а не од финансиски карактер.

МИА

Најнови вести од: Македонија

(Фото): За шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат сите инволвирани

Ќе мораме како јавност да имаме разбирање дека можеби е еден од најголемите кривично-правни процеси коишто ќе треба да бидат сработени од страна на Министерството за внатрешни работи заедно во соработка, особено со Финансовата полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царина и Јавното обвинителство, рече Тошковски.

Петрушевски: Паника и хистерија во СДС, кој ќе седне на обвинителна клупа по сведочењето на Груби?!

Осврнувајќи се на темата за поранешниот вицепремиер Артан Груби во владата на СДС, пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски истакна во емисијата „Анализа“ на ТВ 24 дека би требало институциите независно да постапуваат во тој случај. Според него, опозициската СДС стравува од тоа што би изнел Груби пред обвинителството и кој би седнал до него на обвинителната клупа, ако она што тој го изнел иницира поширока одговорност за можни злоупотреби во рамки на поранешната влада.

Нова трагедија со паѓање од балкон овојпат на 10-годишно дете во Тетово

„Денеска, на 3.03.2026 година околу 9 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче од Тетово. Според пријавеното, детето кое било со здравствени проблеми паднало од тераса од станот во кој живеело во Тетово. Животот го изгубило по паѓањето од балконот.“ – соопшти денес тетовска полиција.

Тошковски: Стојанче Јовановски, сопругот на починатата, која се фрли со ќерката од зградата, имал обемно криминално досие

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција истакна дека Стојанче Јовановски по вчерашниот настан е лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело, по што ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.

To top