Двата важни фактори во правосудството кое има близу до ,,0″ доверба Здружението на судии и Судскиот совет, тргнаа во фронтален напад на премиерот додека ги кријат и игнорираат криминалците во своите редови.
Користејќи го принципот нападот е најдобра одбрана ,,злосторничкото” судиско здружување ја крие корупцијата во сопствените редови со атак на премиерот за чии политички оценки не дадоа корисни контрааргументи.
Според Сускиот совет и Здружението премиер, неговите коментари за судиите и судството ја преминале границата на доброто однесување а во исто време нема реакција за однесувањето за судиите за кои сите знаат дека одамна ги минале сите црвени линии.
Секој што се занимава со правосудатвото од било кој аспект веднаш знае за што се работи во кога се зборува за криминалците во судските лавиринти.
Сите чесни судии, за жал тие се во помал број, ќе ви кажат за јавната тајна според која сите ги знаат имињата на судиите кои професијата ја претвориле во високо профитабилен бизнис.
Овие криминалци без тапија се познати и за членовите на Судскиот совет и на Здружението на судии кои за нив не реагираат но затоа им пречат забелешките на премиерот.
Да имаа советот и здружението преходно пријави и санкции за криминалците во своите редови тогаш ќе имаа морално право да реагираат и за премиерот.
Вака со напад врз Мицкоски двете здруженија индиректно ги заштитија судиите за кои сите знаат дека се корумпирани а сега ќе можат да тврдат дека се под притисок од власта.
Нема судија и обвинител, ниту новинар и судски набљудувач кој не го знае апелациониот судија кому токму колегите покрај името му додале прекар Евро.
Во судските кругови нема кој не ја знае судијката од трговскиот одел на граѓански суд која одржува блиски контакти со тајкуни од нафтениот и фармацевтскиот бизнис кои имаат огромни предмети во судот.
Сомнежот дека таа однапред договара пресуди или прима инструкции од адвокат од поранешна правна комисија на СДСМ веќе не е ни сомнеж, но Судскиот совет и Здружението на судиите молчат за оваа судска трагикомедија.
Тие не можат да ја проверуваат нејзината потреба од големи пари заради син зависник, но можат да го проверат нејзиниот колега од трговски одел кој во Старата чаршија на ќебапи ги договара износите, а ги знаат и останатите од подолгиот список.
Неверојатно е што членовите на двата судски фактори не се запрашуваат како тоа токму кај овие судии ,,Аакмисот” ги мести најкрупните предмети со вредност од повеке стотици илјади евра неретко и повеке милиони евра.
Судскиот совет наместо да напаѓа може да ги извади статистички крупните предмети и ќе види кај кого се ,,паднале”.
Овие предмети лесно ќе ги препознае и лаик за судови, ако по ништо друго тогаш по врската со интересниот европски прекар.
Фото: Здружение на судии