Македонија

Судија откри дека обвинителството се откажало од гонење на криминалец кој имал цел арсенал оружје

Оружјето одземено, криминалецот на слобода

Судијата Владимир Панчевски, поранешен претседател на Скопскиот кривичен суд открива дека јавното обвинителство се откажало од гонење на криминалец кој имал цел арсенал оружје.

Иако криминалецот поседувал оружје за мала војна тој поради тоа што обвинителството не направило формална од ова за налогот за претрес осомничениот бил ослободен.

Неговиот адвокат наплатил над 86 илјади денари за трошоци за судењето.

За овој случај за кој не се открива кој бил судија а кој обвинител засега не одговарал никој а оружјето е одземено од судот.

Панчевски кој беше осуден за наводно местење на системот за распоредување на предмети го објаснува скандалозниот случај од кој Обвинителството се откажало.

,,Пред некој ден подготвувајки некои стручни материјали барав пракса на Кривичниот суд од поново време од судскиот портал, а со тоа и пракса на постапување на обвинителството на Коцевски и на Гаврил Бубевски во однос на примената на Кривичниот законик. Тоа што го видов јас веќе 30 години практичар морам да кажам бев сериозно непријатно изненаден и со заклучоков Ковачки е потполно во право на клоци треба да се издигаат сите што правораздаваат воопшто низ Македонија бидејки веќе имаат 0% доверба.

На судскиот портал пронаоѓам анонимизирана пресуда каде лице кај кое е пронајдена голема количина незаконски држено оружје е ослободено од обвинение ни помалку ни повеќе поради откажување на ОЈО Скопје! Образложението е фантастично имало усна наредба од судот до МВР за претрес и одземање на оружјето но обвинителот не ја покрил со писмена па претресот бил незаконит констатира судот и го ослободува лицето поради повлекување на обвинение од ОЈО Скопје. Но со судската одлука истото оружје иако незаконито обезбедено судот го одзема во пресудата.

Обвинетиот слободен како птица веројатно добро ја искеширал ваквата одлука, оружјето одземено и волкот сит и овците на број – сите среќни и весели! Сивелат “народот е глуп, не разбира”. Судијата и обвинителот веројатно среќни со ќешот! Важно и нивните имиња се анонимизирани во пресудата ама бројот го има стручната јавност нека истражува!

Постапка за одговорност нормално нема за обвинителот или за полициските службеници кои заборавиле да ја покријат усната наредба со писмена бидејки во правосудното дувло не се гонат меѓу себе (можеби во договор судијата и обвинителот и ја уништиле за да ја нема и да си завршат работа) од докази направиле да е без докази слично како предметот Поткуп едно евро за Виц’то на Валентина Бислимовска кога направи снимките од поткупот да бидат незаконити за да го ослободи Зоран Заев на очиглед на целата македонска јавност.

Писаниево е во чест на мојот пријател и соборец од кавадаречко Миле Трајков поранешен началник на СВР Кавадарци кој целиот свој работен век го помина во МВР во одбрана на Македонија, патриот и дел од поранешната единица Лавови, ценет и почитуван и корисен член на нашето општество кој наместен лежи во затвор по пресуда на корумпираниот судија Лазар Нанев за исто кривично дело – заради нераздолжен пиштол непосредно по неговото пензионирање од МВР поради сплет животни на околности.

Е брату Миле гледаш ли како некои ликови си ја купуваат слободата за тешки дела во ова корумпирано судство! Ковачки е во право треба што побрзо на клоци сите надвор!

Прилог пресудата, па кој сака нека ја прочита инаку ДК е претходно и осудуван според пресудата 👇🏻👇🏻👇🏻 🤦🏻🤦🏻🤦🏻”, пишува Панчевски за овој случај.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски: Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години

Според Муцунски, по повеќе од 20 години, свеста на Ахмети останува заглавена во тие времиња, особено во однос на предлозите за избор на Влада со Бадентерово мнозинство во парламентот и одлучување во Уставниот суд со двојно мнозинство за закони донесени со тој механизам.

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Велика Британија

Во интервјуто за „360 степени“ на Првата програма на Македонската телевизија министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека и покрај тоа што најповиканите во државата – претседателката, премиерот, министерот за надворешни и министерот за внатрешни работи, одговориле на темата, опозицијата одлучи сè уште да ја шири таа паника.  Тој смета дека темата за прием на одбиени баратели на азил во земјава шпекулативно ја отвориле медиуми од Велика Британија и тоа не само за Македонија. „Таква дискусија и намера од нашата влада ниту имало, ниту ќе има. Во ниедна форма, и легални и нелегални, вакви, такви, никакви мигранти нема да бидат примени во нашата држава врз основа на која било форма на договор со Велика Британија.“ – нагласува министерот Муцунски.

Послеконгресно „лавовско ревење“ на Ахмети: Не сум претставник на мачките, туку на лавовите! Ако излезам на улица, повеќе не се враќам!

На денешната предновогодишна средба со новинарите лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека „планот А останува развој и напредок на државата“. Тој изрази „надеж“ дека „нема да оди по план Б“. „Ако излезам на улица, не се враќам повеќе дома. Јас не сум претставник на мачки, туку на лавови!“ – додаде Ахмети. Ова го објави весникот на албански јазик „Лајм“. Што содржи „планот Б“ на „претставникот на лавовите“ – Али Ахмети?! Кому и поради што му се заканува со можно „излегување на улица“, ако не му се исполнел „планот А“, бездруго она што го договориле на нивниот саботен Конгрес?!

To top