Македонија

Судијката Груевска: Не ветувам брзина, но правда за трагедијата во „Пулс“ ќе има

Ќе бидат изнесени сите докази, освен некои што ги сметаат за неважни, за да не се одолговлекува постапката

Во преполната судница во КПУ Идризово, под засилени безбедносни мерки денеска започна судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Покрај обвинетите, присутни се и роднини на 63 жртви кои го загубија животот во несреќата што се случи на 16 март, претставници на обвинителството, на одбраната, новинари.

Судијката Дијана Груевска-Илиевска, која го води процесот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денес на првата седница изјави дека ќе бидат изнесени сите докази, освен некои што ги сметаат за неважни, за да не се одолговлекува постапката.

„Можеме да гарантираме дека ќе бидеме максимално транспарентни и дека ќе ја информираме јавноста“ рече судијката на денешниот почеток на судењето за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во кочани во која загинаа 63 претежно млади лица, а уште 200 беа повредени од кои некои со трајни последици.

„Не можам да ветам брзина. Може да се направи грешка. Колку ќе трае судењето никој не знае, апелирам на трпение и дисциплина“, рече судијката. „Ќе дојдеме до правдата“, вети Груевска.

На судењето се присутни повеќе од 50 родители на загинатите во пожарот и 30-ина домашни медиуми. Акредитирани се и странски медиуми како БМТ, ТРТ, Франспрес, Ројтерс, Асошиејтед прес, Андалузија и други.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

Стружани за Велигден негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција

(Фото): Како ќе изгледа и кога ќе биде готова Универзална сала?!

Објектот беше значително оштетен во пожарот што избувна на 9 април 2024 година, само по еден месец откако, по пауза од две години, продолжија градежните работи за негова реконструкција. Од пожарот беше зафатена старата конструкција. Веднаш по пожарот, од градежната фирма посочија дека, најверојатно, се запалил стар кабел или некоја стара инсталација.

„ТАВ Македонија“ втора година по ред добитник на сертификатот Great Place To Work®

Компанијата Great Place To Work® е глобален авторитет за културата на работното место, којашто има 30 годишно искуство со револуционерни истражувања и податоци со кои им помага на многу компании да станат одлично место за работа за сите. Се фокусира на присуството на вработените и на лидерското однесување и докажано е дека обезбедува водечки приходи во пазарни услови, задржување на вработените и робустни иновации.

To top