Македонија

Свечено отворен КИЦ во Белград

Претесен беше синоќа новоотворениот македонски КИЦ во Белград да ги прими сите оние кои посакаа да присуствуваат на свеченото отворање на ул. Македонска 30. Пред бројна публика од академската, уметничката и културна средина на Белград, претставници на македонската заедница во Србија и дипломатскиот кор, поздравни обраќања имаа директорот на македонскиот КИЦ Васко Шутаров, амбасадорот во […]

Претесен беше синоќа новоотворениот македонски КИЦ во Белград да ги прими сите оние кои посакаа да присуствуваат на свеченото отворање на ул. Македонска 30.

Пред бројна публика од академската, уметничката и културна средина на Белград, претставници на македонската заедница во Србија и дипломатскиот кор, поздравни обраќања имаа директорот на македонскиот КИЦ Васко Шутаров, амбасадорот во Србија Никола Тупанчески, министрите за култура Зоран Љутков и Никола Селаковиќ и потпретседателот на македонската влада Иван Стоилковиќ.

Долги и френетични аплаузи добија Зарина Првасевда и Васил Хаџиманов за модерните аранжмани и интерпретација на стари македонски песни, но и на безвремениот хит на Зафир Хаџиманов „Од љубов не се бега”.

„Ништо така не спојува како културата”, тоа беше мотото кое директорот на КИЦ Белград Васко Шутаров го потенцираше како мисија која оваа наша културна институција во странство треба да ја има во програмите и проектите во иднина, за уште поголемо зближување на двете соседски и блиски култури.

Најнови вести од: Македонија

Четири нови услуги од ФЗОМ достапни на интернет

За физичките лица воведени се електронските услуги: потврда за пријави и одјави во задолжително здравствено осигурување, потврда за осигурено или неосигурено лице и платен придонес, потврда за исплатен надоместок за плата за време на привремена спреченост од работа

Деспотовски со закана до раководството на СДСМ

Јован Деспотовски, долгогодишен член и поранешен функционер на СДСМ (меѓу другото поранешен потпретседател и директор на ТИРЗ), повторно се огласи на социјалните мрежи со остра реакција кон актуелното раководство на партијата.

To top