Македонија

Сведок се заканувал дека кардиохирургот Жан Митрев ,,ќе го јади” и се повикувал на ,,влашка врска” (ВИДЕО)

Сексуалната конотација на заканата ,Ќе го јади” е посебно правно и етичко прашање за кое што сведокот може посебно да одговара

Десетици фрапантни информации кои целосно дисквалификуваат сведоци но и обвинителството се појавуваат на повторното судење на кардиохирургот Жан Митрев и неговата Клиника.

Судењето се повторува откако обвинителство се соочи со огромен број на свои сведоци кои сведочеа контра тезите на обвинителката Искра Хаџи Василева по што две судии поротнички се повлекоа од него.

Во една од снимките видео сесии кои сега се повторуваат  се слуша како сведокот  на обвинителството  Андријана Стојановска на прашање на адвокатот на одбраната Никола Додевски признава дека до докторка пратила порака која е израз на говор на омраза со што се дисквалификува и себе си како објективен сведок поради што  обвинителството не смеело да ја прифати да сведочи.

Дополнително, конкретно за овој сведок на обвинителството, судот во никој случај не смее да си дозволи да утврдува било какви факти за предметот.

Во пораката за која Стојановски сведочи пред судот а за која наводно не се сеќава дали е пратена веднаш по пропагандата во емисија на ИРЛ таа се повикува на ,,влашка врска” со цел да се уништи кардиологот Жан Митрев што е невидена ситуација во поновата историја на македонското правосудство.

 

Пораката во која се вели дека Жан Митрев ,,ќе го јади” е посебен феномен кој има свое значење и во Кривичниот законик во членовите каде што се зборува за закана кон граѓани.

 

Навредата ,,ѓубре од човек” искажана за Жан Митрев е нешто за што кардиохирургот може да гони во приватна тужба но барањето на сведокот докторката да обезбеди документи наведува на можност барањето да се однесува на фалсификување или менување на дел од содржина на лекарски документи кои требало да се искористат за да се уништи Жан Митрев.

За ова дело обвинителството па дури и обвинителката против Жан Митрев Искра Хаџи Василева која има увид во исказот на сведокот има обврска да покрене предистрага за да утврди дали има основа за прогон на сведокот.

Сексуалната конотација на заканата ,Ќе го јади” е посебно правно и етичко прашање за кое што сведокот може посебно да одговара.

Во текот на повторното судење и анализа на исказите дадени од сведоците на обвинителството се појасно станува дека се работи за обвинителска операција во која се вклучени и сведоци и други фактори со цел без никакви докази Жан Митрев да заврши во затвор а клиниката да биде преземена од други политички и бизнис групи.

 

Видео реконструкцијата од ова важно сведочење на сведок на обвинителството кое укажува на етнички врски и говор на омраза од сведок кој требало да го убеди судот дека Митрев е виновен.

 

Приближен транскрипт од овој дел на повторното судење:

Сведокот одговори: Да, имам пратено порака.

Судија: Се дозволува предочување.

Адвокат Никола Додевски: Ви ја предочувам пораката за која што рековте сте ја пратиле на Д-р Грамосли. Со содржина – И што правиме сега докторке ако можеш обезбеди ми документи за брат ми тоа ѓубре од човек ќе го јади. Влаинки сме, очекувам од Вас помош, ќе Ви бидам благодарна и верувајте ми.

Дали тоа е таа порака што Вие ја пративте на Д-р Грамосли?

На прашање на бранителот: А дали ова е принтскрин од Вашиот телефон? Дали ова е Вашиот телефон?

Адвокат Душка Кузмановска: Од Вашиот Вибер профил?

Сведокот одговори: Да.

Судија: Дали е ова Вашиот профил?

Сведокот одговори: Да.

Адвокат Никола Додевски: Дали пораката што рече дека ја пратила на Д-р Грамосли ја пратила еден ден после емитирање на емисијата на ИРЛ, датумски?

Сведокот одговори: Не се сеќавам.

 

Сведочењето пред судот се дава под заклетва дека се изнесува вистина за факти кои што се непосредно забележани од сведокот, но овој сведок сведочи заради омраза и бара од своја сонародничка да и обезбеди документи за да како што вели кардиохирургот “ќе го јади”.

 

Со таквата порака сведокот однапред се дискредитирал себеси и дури и само заради таа причина обвинителот не смеел ни да го предложи, а Судот не смее да му верува на сведок кој сведочи од омраза и со однапред оформена намера да му наштети на обвинетиот.

 

Врз основа на неформални записи и сеќавања од повторното судење expres.mk направи видео реконструкција на судењето кое што со помош на дигитални технологии ви ја пренесува атмосферата во судницата при повторното судење а се темели на изјавата на сведок на обвинителство.

 

 

Други текстови за случајот Жан Митрев на линковите

 

Повторното судење на Жан Митрев открива дека обвинителството крши уставно начело (ВИДЕО РЕКОНСТРУКЦИЈА)

 

https://arhiva.expres.mk/?s=%D0%96%D0%B0%D0%BD+%D0%9C%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%B2

Најнови вести од: Македонија

Македонија не би требало да прифаќа по налог на ЕК третман како безначајна „геоополитичка трева“, која би ја газеле „слоновите“ додека се тепаат меѓу себе

Не соодветствува со автентичните државно-национални интереси на Македонија и на нејзините граѓани најновата позиција, која ја изнесе еврокомесарката за проширување на ЕУ Марта Кос, дека „земјите-кандидатки мора да направат геополитички избор на која страна се пред да влезат во ЕУ“. Спроведувањето на овој став дополнително би ја  усложнил ионака сложената ситуација, во која се наоѓа Македонија веќе изложена на сериозни критики во најновиот извештај на Европската комисија дека „не искажува резултати во реформите“ и оти „запаѓа во застој“.

Еврокомесарката Кос: Земјите-кандидатки мора да изберат на која страна се пред да влезат во ЕУ

„Би можеле да ја видиме Европа обединета за прв пат во ист дом, но тоа исто така значи и правење избори.“ – изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос во интервјуто, кое го даде за „Еуроњуз“ на Самитот за проширување, што се одржа во Брисел оваа седмица. „Ако се свртите кон Русија, или ако не примените санкции, тоа е нешто, што не можеме да го толерираме.“ – предупреди Кос.

Обилен дожд и ноќва низ цела Македонија, до кога?!

Поради влијанието на серијата на влажни воздушни бранови од Медитеранот во Македонија во изминатите 12 часа до 19 часот на повеќе места беше врнежливо а повремено врнежите беа обилни и поројни и проследени со грмежи како и со засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

(Фото): И дење и ноќе – Скопје се чисти како никогаш до сега, рокот од 72 часа истекува в недела

Акцијата за почисто Скопје е во полн ек. Новиот градоначалник Ѓорѓиевски и надлежните служби имаат рок уште неколку часа да го реализираат предизборното ветување за уреден и чист град. И дење и ноќе – Скопје се чисти како никогаш до сега, рокот од 72 часа истекува в недела.

To top