Македонија

Таравари: АА нема да се приклучи на „фронтот“ предводен од ДУИ

Крилото на поделената Алијанса за Албанците што го предводи Арбен Таравари нема намера да стане дел од политичката коалиција „Европски фронт“ која ја предводи ДУИ. „Алијансата за Албанците не планира да стане дел од Европскиот фронт. Ќе одиме на избори со посебни листи за советници. Да станеме дел од Европскиот фронт – во никаков случај, […]

Крилото на поделената Алијанса за Албанците што го предводи Арбен Таравари нема намера да стане дел од политичката коалиција „Европски фронт“ која ја предводи ДУИ.

„Алијансата за Албанците не планира да стане дел од Европскиот фронт. Ќе одиме на избори со посебни листи за советници.
Да станеме дел од Европскиот фронт – во никаков случај, ние дури и не разгледуваме таква можност“, порача Таравари.

„Оние што се таму, нека продолжат, им посакувам успех“, кажа Таравари според кој АА предводена од него ќе делува од опозиција, но финалната одлуката за напуштање на Владата треба да ја донесе партиското раководство.

Во меѓувреме Таравари и премиерот Хриустијан Мицкоски потврдија дека ќе имаат уште една средба нареднава недела на која ќе ги си ги разменат ставовите и ќе се донесе финална одлука.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

To top