Македонија

Таравари го тужи Меџити за клевета

Лидерот на АА тврди дека не издавал лиценци за за фабрики за преработка на канабис

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, поднесе тужба за клевета во Основниот суд Скопје 2 против градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.

Тужбата, однесена завчера, доаѓа по изјавите дадени од Меџити во телевизиска емисија на „Lajm TV“, каде што тој тврдел дека Таравари за време на својот мандат како министер, издал седум лиценци за фабрики за преработка на канабис.

Според соопштението, пред поднесувањето на тужбата бил даден и законски рок за јавно извинување, кој Меџити не го искористил.

Таравари категорично ги демантираше овие обвинувања, оценувајќи ги како невистинити и клеветнички.

Најнови вести од: Македонија

Претседателот на МАЕИ, Стерјовски, во посета на Муфтиството на Корча

Од име на Македонците вам и на сите верници во посакувам честит Рамазан Бајрам. Нека овој свет ден донесе мир, благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, посакал Стерјовски

To top