Македонија

Тажна вест: Пцовиса и европскиот бизон во Скопската зоолошка градина

Во текот на последната недела, скопската зоолошка градина изгуби двајца значајни жители. Европскиот бизон, стар 17 години, утрово угина по подолг период на терапија и следење заради дијагностицирана пневмонија.

Зоолошката градина во Скопје остана без уште едно животно. Тие објавија дека европски бизон, кој беше жител на Зоолошката градина во Скопје од 2011 година, починал утрово. Животното имало 17 години, додека властите објаснуваат дека животниот век на бизонот е помеѓу 14 и 20 години.

На овој величествен и редок претставник на европската дива фауна  кој од 2011 година бил еден од најимпресивните жители на нашата зоолошка градина пред околу година и половина му била дијагностицирана пневмонија, по што следувал долготраен процес на терапија и внимателно следење од страна на тим ветеринари и неговите негуватели од Зоолошката.

  • Иако со многу посветеност успеавме да ја стабилизираме неговата состојба, во изминатите две недели повторно покажа знаци на слабост и отежнато дишење. Веднаш беше вклучена интензивна секојдневна антибиотска терапија одредена според антибиограм и постојан надзор, но за жал, и покрај сите наши напори, не успеавме да го спасиме – соопштија од Зоолошката градина.

Претходно, пред една недела, на седумгодишна возраст, пцовиса гибонката Софи. Како што известија тогаш од Зоолошката, според наодите од Факултетот за ветеринарна медицина по направените испитувања околу причините за пцовисувањето, таа била позитивна на Mycobacterium tuberculosis complex (MTBC) според направена PCR-метода на Институтот за ветеринарна медицина.

Починаа и две лами од кои едната, исто така, од туберколоза. Почина и мајмунката Жанина, кај посетителите позната како Нина од видот сијаманг. Ги нема повеќе и жирафите, слоницата Дуња, царскиот орел, лавот Жика, ретките пржевалски коњи, а имаше и епидемија на птичји грип.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП на кој ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ

Сите оние постигнувања и реформи коишто изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги направивме, потенцира во изјавата Мицкоски

(Фото): Пролетна генералка на Скопје, јавните претпријатија на терен

Координирана акција за темелно чистење на сите површини под надлежност на Град Скопје започна денеска во утринските часови. Екипите на сите јавни претпријатија се вклучија во пролетната генералка на Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека ова е јасна порака дека редот, чистотата и грижата за заедничкиот простор стануваат секојдневие.

Морничави детали на судењето за убиството во Штип: Делови од телото и крвавата облека фрлени во контејнери

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин. Пред Судот денеска сведочеа роднина на убиената Николова и инспектори од СВР-Штип, кои работеле на случајот.– Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, и дрвена рачка, на кои имаше траги од крв. Анализите покажаа дека потекнуваат од женско лице. Во купатилото, ходникот и кујната, откриени се траги на човечко ткиво, а според вештачењето, телото било влечено од дневната соба кон купатилото – рече во својот исказ вработен во СВР-Штип.

To top