Македонија

Телекомуникациската кула на Водно во завршна фаза (ГАЛЕРИЈА)

Висока 155 метри или два и пол пати повисока од соседниот Милениумски крст

Претседателот на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, Орце Симов, објави дека телекомуникациската кула на Водно е во „завршна фаза“. Заедно со неколку фотографии и видеа на својот Фејсбук профил.

Симов објави и неколку видео материјали.

Во еден од нив, Симов вели дека може да се види тестирањето на ротирачката платформа која вртела цел круг за околу еден час.

Телекомуникациската кула на Водно треба да биде висока 155 метри, што ја прави околу два и пол пати повисока од соседниот Милениумски крст.

Почна да се гради во 2013-та година, Идејата на проектот, како што беше најавено, е да се изгради посебен антенски систем за контрола на радиофрекфенции.

Но, покрај првичната функција, кулата беше замислено да има и друга намена – да биде магнет за туристи, атракција и ново обележје на градот.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top