Македонија

„Тетова сот“: Нов голем раскол во НАИ на ДУИ и Ахмети во Струга! Мерко им го сврте грбот и ја поддржа независната листа за општинскиот Совет!

Во истите моменти кога лидерот на ДУИ Али Ахмети во „порака до премиерот Христијан Мицкоски“ се закануваше дека „ќе се цепи Македонија на албански и бугарски дел, ако не влезела во ЕУ“, кога се фалеше со „единството на политичките сили“ во неговата „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ), неговиот „омилен сопартиец“ и градоначалник на Струга Рамиз Мерко веќе му ја расцепи НАИ во Струга, ем и му ги „разголи“ лагите оти има „единство“ во опозициската коалиција! Мерко ги повика директно гласачите на Струга не само да гласаат за независната кандидатска листа за Советот на општина Струга, а не за ДУИ, туку и „да бидат понастрана од партиите“, уште поточно понастрана од ДУИ!

„Се случува уште еден голем раскол во Националната алијанса за интеграција во Струга: овој пат сегашниот градоначалник Рамиз Мерко отворено се изјасни во поддршка на независната листа за Советот на Струга, со што им го сврте грбот на АКИ и лидерот на ДУИ Али Ахмети!“извести информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“, по објавата на Мерко на фејсбук, со која тој се огласи со поддршка за независната листа за Советот на Струга.

Во овој контекст порталот ја пренесе оваа објава на Рамиз Мерко на општествената мрежа: „Цврсто ја поддржувам независната листа за Советот на Струга. Овие поединци покажаа интегритет и подготвеност да работат за доброто на нашиот град. Ги поканувам сите оние, кои веруваат во слободниот глас на граѓаните да ѝ се придружат на мојата поддршка. На гласачкото ливче, гласајте за бројот 120! Ова е избор за граѓаните, од граѓаните.“

Најнови вести од: Македонија

Јанкуловски: Пензионерите веќе го почувствуваа зголемувањето на пензиите, кои ќе растат и натаму

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во емисијата Бизнис 21 на ТВ 21 изјави дека пензионерите веќе го почувствувале зголемувањето на пензиите со оваа влада, а најави и дека во наредниот период ќе следуваат дополнителни зголемувања, согласно со законските и фискалните можности.

Вилма Русковска го пријавила Боки 13 дека ја вознемирувал на телефон, тој пак ја обвини за цензура

Дел од настанот е документиран и на видео-снимка која се прошири на социјалните мрежи, на која се слушаат навредливи и вознемирувачки изјави упатени кон Русковска. Таа, како што е наведено, го предупредила Јовановски дека ќе се обрати во полиција доколку не престане со повиците, но контактите продолжиле и по предупредувањето.

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение, за да се спречи амнестија на криминал во повеќе од 200 предмети

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на ТВ Сител изјави дека измените на Кривичниот законик претставуваат преодно решение, произлезено од одлуката на Уставниот суд од февруари оваа година

Македонија со сериозен напредок кон дигитална трансформација – за две години успех како никогаш до сега

Системот овозможува нотификации во реално време, побрза достава без чекање, следење на статуси на предмети и поефикасна административна комуникација. Конкретна и мерлива имплементација. Со промоцијата на стратегијата, Владата најавува засилени активности за дигитална трансформација, модернизација на институциите и создавање поволна клима за инвеститори и донатори, со цел Македонија да се позиционира како регионален лидер во дигиталниот развој.

Град Скопје со конкретни мерки и препораки до граѓаните за заштита од загаденоста

Град Скопје известува и дека овластените инспектори за животна средина, комуналната инспекција и комуналните редари на градот, постојано вршат инспекциски надзори на диви депонии, стрништа, ораници заради спречување на нивно палење. Изречени се и прекршочни платни налози според Законот за управување со отпад, Законот за амбиенталниот воздух и Законот за животна средина.

To top