Македонија

,,Тиквеш“ прославува 140 години винска традиција, преточена во квалитет, современост и глобална препознатливост

Годишнина од винаријата

Оваа година винарската визба „Тиквеш“ одбележува 140 години организирано производство на вино и жестоки пијалаци – јубилеј кој го потврдува континуитетот на македонската винска традиција, но и модерната визија и лидерство на компанијата. Денес ВВ „Тиквеш“ е препознаен како регионален лидер и глобално афирмиран бренд, благодарение на стратешката трансформација и инвестициите насочени кон целосна модернизација, дигитализација и создавање вина со врвен квалитет, кои во изминатите две децении надминаа 45 милиони евра.

Развојната стратегија на „Тиквеш“ во овој период беше насочена кон зголемување на квалитетот на виното и инвестициите во нова опрема, дигитализација на производствените процеси, како и во професионалниот развој на вработените и ангажман на врвни домашни и странски експерти. Истовремено, винарницата воведе нов пристап и современи практики во лозјата и воспостави партнерски односи со лозарите. Овие процеси овозможија во изминатите две децении, винарската визба „Тиквеш“ да доживее целосна трансформација и модернизација.

Паралелно се одвиваше и премиумизација на винското портфолио, преку создавање вина со современ стил и автентичност кои освојуваат рекорден број награди и највисоки оценки за квалитет од најпознати светски вински познавачи и авторитети од рангот на Роберт Паркер.  Со отворањето на бутик-винарницатаDomaine Lepovo“, која го трасираше патот на производството на премиум вина од специфични микро-локации, како и стратешката аквизиција на француската винарница „Château de Gourdon, „Тиквеш“го потврди интернационалниот карактер на брендот и дополнително ја зголеми неговата препознатливост и кредибилитет во глобални рамки.

Ваквите инвестиции и стратешки одлуки, реализирани во изминатите две децении, му овозможија на „Тиквеш“ да ја заземе лидерска позиција во винската индустрија во регионот и да прерасне во еден од најсовремените и најиновативни глобални вински брендови. Денес „Тиквеш“ е препознаен бренд на пет континенти, со повеќе од половина од приходите кои се генерираат од извоз, кој во 2024 година достигна 32,7 милиони евра, како и со континуиран раст на продажбата на домашниот и на најпребирливите светски пазари.

„Она што го прави Тиквеш уникатен е спојот на 140-годишната традиција со најсовремените светски трендови во енологијата и лозарството. Повеќе од еден век растеме заедно со нашите лозја, нашите луѓе, нашите партнери и потрошувачите, градејќи наследство втемелено во страст, посветеност и доверба“, велат од ВВ „Тиквеш“.

Нашата визија за иднината е преку вложувања во обновливи извори на енергија и технологии за намалување на јаглеродниот отпечаток, воведување практики и дигитални решенија за прецизно лозарство, органско производство и заштитени географски ознаки, да бидеме двигател на промените, зелената трансформација и одржливиот развој на винската индустрија во Македонија и регионот. Под слоганот ,Бескрајно твој, продолжуваме да бидеме бескрајно посветени на нашите партнери и сите оние што уживаат во вината на „Тиквеш“ и во сите убавини на винската приказна што ја градат токму луѓето“.

Во чест на јубилејот, компанијата организираше гроздобер за претставниците на медиумите, во органски сертифицираните лозови насади на поседот Лепово. Тие имаа можност лично да учествуваат во бербата на каберне совињон, да се запознаат со современите агро-технички практики и да дегустираат вина од ексклузивната серија „Domaine Lepovo“, создадена со специфични енолошки методи кои придонесуваат за нивниот препознатлив карактер и врвен квалитет.

Со овој настан, „Тиквеш“ уште еднаш ја потврди својата врска со лозјето – изворот на секое добро вино – и ја спои традицијата со современите трендови, преточувајќи ја македонската винска историја во глобално препознатлива приказна насочена кон иднината.

Најнови вести од: Македонија

Укинувањето на ослободувањето од ДДВ-то за „Тему“ и „Али Експрес“ е заради заштита на домашната економија

Од Министерството за финансии излегоа со првичен коментар дека целта на овие законски измени се зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места.

Лице од ,,Црната листа” на САД осомничено за оштетување на куќата на авторот на македонската химна

Искористувајќи ја својата службена положба и пречекорувајќи ги овластувањата, спротивно на актите од Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид и решението од Управата за културно наследство, потпишал одобрение за градење на семејната куќа од првопријавениот

Заменик-министерката Зеколи Шаќири бара правда за прегазениот сопруг, осудениот добил само 7 месеци казна затвор

Заменик-министерката за транспорт и врски, Калтрина Зеколи-Шаќири, денес одржа емотивна прес-конференција на која повторно побара правда за трагичната сообраќајна несреќа што се случи пред три години на скопската обиколница кај Радишани.

ДВ: Уште еден западен министер дојде со „празен куфер“во Македонија

Најјасно разочарувањето се гледа во Македонија каде Вадефул ја заврши својата западнобалканска турнеја во вторникот навечер: Земјата го смени името за да го деблокира процесот, но повторно беше блокирана – прво од Франција, потоа од Бугарија

Гневот кон Дејан Јованов – Деко е огромен и оправдан, сепак дали судот ќе остане доследен или ќе подлегне кон оправданата „жед за крв“?

Во судницата во Идризово денеска почна судењето за пожарот во дисктотеката Пулс што се случи на 16 март годинава и во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени.

Мицкоски: Претседател на суд има плата околу 3.000 евра, што е повисока и од мојата плата како премиер !

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва на „Топ тема“ на Телма остро ја отфрли можноста за дополнително зголемување на судскиот буџет, нагласувајќи дека Македонија веќе издвојува далеку повеќе од европскиот просек, а резултатите во правосудството се далеку под очекувањата.

Најнови вести

To top