Македонија

ТИТАН Усје: Повеќе од еден месец сме цел на неосновани напади – не сме причина за загадувањето и фактите го потврдуваат тоа

Целосно неаргументирано и тенденциозно продолжува нападот кон нашата компанија. Овие напади, покрај тоа што не се базирани на аргументи, се и во насока на извртување на вистината. ТИТАН Усје како транспарента компанија, во интерес на вистината потенцира дека целосно ја разбира загриженоста за квалитетот на воздухот, но тенденциозните и неаргументирани обвинувања не придонесуваат ниту малку […]

Целосно неаргументирано и тенденциозно продолжува нападот кон нашата компанија. Овие напади, покрај тоа што не се базирани на аргументи, се и во насока на извртување на вистината. ТИТАН Усје како транспарента компанија, во интерес на вистината потенцира дека целосно ја разбира загриженоста за квалитетот на воздухот, но тенденциозните и неаргументирани обвинувања не придонесуваат ниту малку за решавање на проблемите со амбиенталниот воздух.

Потенцираме дека:

 Бројките недвосмислено покажуваат дека и кога ТИТАН Усје не работи, амбиенталниот воздух е со истиот квалитет, што е јасна потврда за тоа дека компанијата не е причина за состојбите со квалитетот на воздухот во Скопје. Загадувањето во Скопје беше високо и во изминатиот период кога ТИТАН Усје воопшто не работеше. Имено, поради редовен ремонт двете печки не работеа – едната, печка број 4, од 20.12.2025 година, а втората, печка број 3 од 16.01.2026 година, се до 29.01.2026 година, кога печката број 4, беше повторно вклучена, согласно работниот план. И покрај тоа што ТИТАН Усје целосно не работеше во овој период, највисоката вредност на ПМ 10 честичките достигна и до 275 микрограми на кубен метар. (Во прилог табели)  ТИТАН Усје како компанија носител на А-интегрирана дозвола, е под континуиран 24-часовен независен мониторинг на излезните гасови од оџаците, а резултатите од мерењата се јавно достапни (неделен извештај даден во прилог).

 Мерните инструменти се поставени од страна на SICK- Германија, и ТИТАН Усје нема никаков пристап до овие инструменти, односно се работи за независен мониторинг. Точноста на овие мерења се потврдува со редовна калибрација на уредите за мерење и повеќекратна проверка и од страна на овластени меѓународни тела.

 Граничните вредности на емисиите утврдени во дозволата која ја поседува ТИТАН Усје се построги од оние пропишани со Законот. И покрај тоа, компанијата, во своето работење, не ги надминува вака дефинираните дозволени гранични вредности. Тоа е овозможено со високоефикасен, комплексен систем на современи филтри кои фабриката ги има инсталирано и задолжително работат секогаш кога работат и производните линии. Покрај тоа компанијата континуирано инвестира во модернизација на технолошките процеси. Имено, во изминатите шест години инвестициите надминаа 36 милиони евра, од кои 4,5 милиони евра беа наменети за унапредување на заштитата на животната средина.

 Сите независни студии, преку хемиска анализа на депозитот од амбиентниот воздух, укажуваат дека индустријата има помало влијание на квалитетот на амбиенталниот воздух споредено со загревањето на домовите и јавните објекти, сообраќајот, градежните активности и горењето на отворено. Искрено веруваме во потребата од еднаков третман на сите ентитети во земјата и согласно принципот на владеењето на правото очекуваме нашето работење да се опсервира и оценува низ призмата на стручноста и законите, а не преку лични и паушални ставови. Остануваме отворени за конструктивен дијалог со сите релевантни партнери во насока на изнаоѓање на трајно решение во интерес на сите. Во прилог редовните неделни извештаи од мерењата на емисиите кои се јавно достапни.

Најнови вести од: Македонија

На 9-ти мај Вреди ќе ги помати сметките на ДУИ

Деветти мај се приближува и со него доаѓа силна, голема ВРЕДИ, распространета од Липково до Струга, велат од партијата истакнувајќи дека 5 партии стануваат една и тоа им ги расипува сметките на сите што живееле со надеж дека ВРЕДИ нема да се обедини

Литовски: Битолскиот одред „Пелистер“ разбиен на 3.5.1942 од бугарските окупатори, кои ја усмртија Елпида, влечејќи ја врзана за кола низ селата, за да ги заплашат Македонците!

На денешен ден, на 3 мај 1942 година, над селото Ореово, Битолско, Битолскиот народноослободителен партизански одред „Пелистер“ бил опкружен и разбиен од бугарската фашистичка окупаторска војска и полиција, откако преку предавство бил лоциран еден ден претходно. Оваа единица на НОВ и ПО на Македонија била формирана на 22 април 1942 г. од 19 борци. Во борбата загинаа народниот херој Елпида Караманди, која била тешко ранета, заробена и набрзо свирепо убиена, Димитар Николовски-Таќи Даскало, Димче Хаџи Поповски, Мара Јосифовска-Ѓурѓа, Ордан Михајловски-Оцката и Ордан Орданоски-Сандански. Сите биле борци на овој партизански одред. Ова го истакнува универзитетскиот професор и историчар д-р Александар Литовски од Институтот за национална историја од Скопје во својата научна статија со наслов „ 3.

„Скопје1.мк“: „Малолетници под дејство на алкохол со ножеви в рака тргнаа кон мене!“ – вознемирувачко сведоштво од автобус во Скопје

Празничен ден, пикник и детска радост, но за неколку минути сè се претворило во сцена на страв и насилство. Скопјанката Наташа Младеновска сведочи за инцидент во автобус од Водно кон центарот на Скопје, во кој учествувале малолетници, а ситуацијата ескалирала до вадење ножеви.

„МКД.мк“: Во Липково вчера се „славеше„ „слободна територија Карадак“ од конфликтот во 2001 година!

Во Липково вчера беше „прославен“ 2 мај, за општината познат како „Ден на прогласувањето на слободната зона Карадак“, Кумановско, и како Ден на општината. На својот фејсбук-профил пратеникот Ријад Шаќири од Алијансата на Албанците од колицијата Вреди, напиша дека заедно со градоначалникот Еркан Арифи (од ДУИ), општинските советници на гробиштата „оддадоа почит на мачениците кои ги положија своите животи во 2001 година“. Ова го објави информативниот портал „МКД.мк“

Најнови вести

To top