Македонија

ТИТАН УСЈЕ со едукативни работилници за циркуларна економија и декарбонизација – поттикнува поголема соработка во заедницата

Главна цел на проектот „Циркуларна економија и декарбонизација“

Зајакнување на капацитетите на сите чинители за одржливо управување со отпад, и ефективна примена на кружната економија во насока на поголема декарбонизација, е главна цел на проектот „Циркуларна економија и декарбонизација“. Проектот го реализира ТИТАН Усје во соработка со Стопанската комора на Северна Македонија. Во рамките на проектот се реализираат неколку едукативни работилници каде своите практични искуства, постигнати резултати и знаења од областа на управувањето со отпад, кружната економија и декарбонизацијата, ќе ги споделат претставниците на ТИТАН Усје. На едукативните работилници ќе бидат опфатени професионалци и вработени од индустриските и производните сектори, односно во секторот за управување со отпад, вработени во помали производствени компании, вработени во поголеми компании поврзани со градежништвото, како и нововработени во ТИТАН УСЈЕ.

Обуки се организираат и за студенти и невработени лица, за државни и локални инспектори за животна средина, како и за професионалци и вработени во јавни комунални претпријатија. Во информативно едукативниот процес ќе бидат опфатени околу 200 лица, а обуките ќе се одржат во период од 14 ноември до 2 декември годинава. ТИТАН УСЈЕ е целосно посветен на декарбонизација, имплементација на одржливо управување со отпадот и примена на принципите на кружната економија. На почетокот на проектот пред присутните се обрати техничкиот директор на ТИТАН Усје Гоце Цветкоски.

„Имплементирање и унапредување на најдобрите практики во оваа област е наш врвен приоритет и ние активно работиме на унапредување на системот и зајакнување на ефикасноста. Ни претставува огромно задоволство што имаме можност да го споделиме нашето искуство и знаење за применетите практики со нашите партнери. Како пионери во оваа област имаме и одговорност и обврска да поттикнеме што поголема примена на најдобрите практики во овие области, бидејќи само така можеме да имаме подобри резултати во пошироката заедница. Особено ни е драго што ќе имаме можност да ги споделиме нашите искуства со студентите, со идеја да ги поттикнеме младите да бидат активни учесници во процесите на зелена транзиција“, нагласи Цветкоски.

ТИТАН Усје е компанијата која е прва во инсталирање на капацитети за употреба на алтернативни горива за енергија, со што значително се намалуваат емисиите на CO₂. Годинава компанијатаја доби и највисоката потврда за одржлив систем за унапредување со отпад – Нула отпад на депонија (Zero Waste to Landfill Platinum Certificate) и е прва компанија со Платинуим признание во земјата.

Овој систем е базиран на механизми за справување со отпад односно рециклирање, компостирање, анаеробна дигестија, реупотреба и термално процесирање.

Најнови вести од: Македонија

Нема да има застои во постапките против полицајците за пожарот во Кочани, уверува обвинителката Андонова

Судењето против 13 полициски службеници, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, се одложи

Дали навистина поскапел лебот и зеленчукот во повеќе градови од Македонија?!

Откако горивата имаат повисока цена, следн на удар е лебот. Пекарниците во Прилеп и Битола ја зголемуваат цената на белиот леб од 450 грама – од 35 на 40 денари. Најави има и во дел од пекарите во источниот дел на земјата, односно во Штип и Кочани. Во Скопје, пак, веќе неколку дена се забележува поскапување на бурекот, симитот и други пецива, за околу пет денари.

Стојанче ја газел Ивана со нозете по стомакот, сведочеше сведокот Саздов

Стојанче ја газел со нозете по стомакот, сведочеше Мартин Саздов, зборувајќи за повредите на Ивана, модринките и слично,на денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје на судењето на Стојанче Јовановски за смртта на неговите сопруга и ќерка, Ивана и Катја.

Македонците нека заборават летување во Грција како порано, има куп причини

Ако кризата продолжи, Медитеранот би можел да се соочи со една од најнеизвесните туристички сезони во последните децении, каде главното прашање веќе не е каде да се оди на одмор, туку – дали воопшто да се патува.

Најнови вести

To top