Бизнис

Македонија со пофалби за напредокот во енергетските реформи и либерализацијата на пазарот на струја

Од надлежните институции во земјата посочуваат дека реформите ќе продолжат со засилено темпо, со цел создавање модерен, конкурентен и одржлив енергетски пазар, усогласен со европските стандарди и во интерес на граѓаните и стопанството.

Македонија е позитивно оценета за спроведените реформи во енергетскиот сектор, со посебен акцент на видливиот напредок во уредувањето и функционирањето на пазарот на електрична енергија, покажуваат најновите оценки на релевантни европски институции. Според извештаите, земјата направила значајни чекори во усогласувањето на своето законодавство со европските правила, зајакнувањето на регулаторната рамка и отворањето на пазарот за поголема конкуренција. Овие процеси се оценуваат како клучни за зголемување на енергетската сигурност и стабилноста на снабдувањето.

Посебно се истакнува напредокот во делот на либерализацијата на пазарот на електрична енергија, подобрувањето на транспарентноста и улогата на Регулаторната комисија за енергетика, како и напорите за интеграција на обновливите извори во системот.

Во извештајот се наведува дека иако остануваат предизвици, особено во делот на имплементацијата и инвестициите во инфраструктурата, досегашните резултати се охрабрувачки и претставуваат добра основа за понатамошен напредок.

Од надлежните институции во земјата посочуваат дека реформите ќе продолжат со засилено темпо, со цел создавање модерен, конкурентен и одржлив енергетски пазар, усогласен со европските стандарди и во интерес на граѓаните и стопанството.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top