Македонија

Тито ја создал „ненационалната држава“ Македонија за да им наштети на Албанците и на Бугарите, тврди „аналитичар“ од Тетово?!

„Политичкиот аналитичар“ Сукејман Мехази со најнов изблик на антимакедонски опсервации на Фејсбук

Самоповиканиот „политички аналитичар“ и професор Сулејман Мехази од Тетово во својот најнов изблик на антимакедонски  опсервации блуе на Фејсбук против државата во која живее и работи и против нејзиниот мнозински народ.

„Тито, за да им наштети на Албанците и на Бугарите, ја создаде државата без национална основа Македонија
Во поранешна Југославија, според федералниот Устав, Република Македонија не им припаѓаше само на Македонците; таа им припаѓаше и на Албанците, и на Турците. Додека Србија, Хрватска, Словенија и Црна Гора беа национални држави, другите две републики — Босна и Херцеговина и Македонија — беа конституирани од различните народи што живееја во нивните граници.

Босна и Херцеговина беше конституирана од босански муслимани, православни Срби и католички Хрвати, додека Република Македонија беше конституирана од православни Срби (Македонци), Албанци (и православни и муслимани) и муслимански Турци.

Според тоа, ако независноста на Босна и Херцеговина беше воспоставена — во согласност со Уставот — врз основа на нејзините три конститутивни народи (Бошњаци, Срби и Хрвати), тогаш и Македонија требаше да стане независна држава во рамките на сопствениот уставен поредок, опфаќајќи ги сите народи што живеат таму: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бугари, Роми, Бошњаци и други.

Тука не може да се прави разлика, бидејќи Северна Македонија им припаѓа на Македонците исто толку колку што им припаѓа и на автохтоните Албанци. Всушност, самото име на оваа држава не е национално — за разлика од Србија, Хрватска или Словенија — туку географско: Република Северна Македонија.

Никогаш не сме слушнале за случај каде што географското име на една земја се претвора во национално — на пример, на начин што би му овозможил на македонскиот народ да се постави како супериорен во рамките на држава која нема национално име, туку носи географско, како што е Република Северна Македонија.

Повеќе е комично отколку трагично тоа што Македонците ја сметаат Република Северна Македонија за исклучиво своја. Всушност, таа им припаѓа на сите автохтони Албанци, на Турците што останале од времето на Отоманската империја и на Србите што дошле од Србија и ја воспоставиле Српската бановина; згора на тоа, секако не може да се тврди дека таа не им припаѓа и на Бугарите што живеат во Македонија. Тито ја воспостави Македонија како држава заснована врз трите народи што ја населувале оваа територија пред Втората светска војна: оние од двата албански вилаети – Косовскиот и Битолскиот (Манастирскиот), оние од Српската бановина и оние од источниот регион, каде што живееле Бугари.

Во обид да им наштети на Албанците и на Бугарите, Тито ја создаде Македонија како држава лишена од национален темел. Тој ги спои западниот дел – населен со Албанци – и источниот дел – населен со Бугари – во една единствена република наречена Македонија“, пишува „аналитичарот“ Мехази.

Најнови вести од: Македонија

Аларм: Секое 10-то дете во Македонија изложено на сексуална злоупотреба на интернет

Секое десетто дете во Македонија на возраст од 12 до 17 години коешто користело интернет било изложено на сексуална експлоатација и злоупотреба. Станува збор за околу 12.000 деца, бројка што ја потврдува и последното истражување на УНИЦЕФ.

(Видео): Проблемот со кравите во Крива Паланка стигна до Обвинителството – Општината поднесе кривични пријави

Крива Паланка, заедно со жителите од засегнатите села, поднесоа неколку кривични пријави до Обвинителството поради институционално непостапување по извршни решенија за одземање на добитокот што слободно шета во градот и пошироко.

УКИМ не платил сметки за струја, ако не се плати долгот – факултетите ќе останат во мрак

Дел од државните факултети и Ректоратот од утринава се во мрак поради неплатени сметки за електрична енергија. Ова за Телма го потврдија и од ЕВН. Без струја останаа Машинскиот, Електротехничкиот, Природно – математичкиот, земјоделскиот факултет, но и зградата на Ректоратот.

Велковски: Во владина постапка се измените на Законот за детска заштита, од 2027 поголема поддршка за децата со посебни потреби

Измените на Законот за детска заштита веќе се во владина процедура, каде се предвидува зголемување на постоечките државни износи за поддршка, со посебен фокус на децата со посебни потреби, изјави министерот за труд и социјална политика и млади, Ѓоко Велковски одговарајќи на пратенички прашања во Собранието, нагласувајќи дека се очекува овие измени брзо да ја поминат собраниската процедура и од 1 јануари 2027 година децата од оваа категорија да добијат зголемени средства.

Николоски: Од 1 јануари 2027 државата ќе биде единствен организатор на интернет-игрите на среќа и ВЛТ терминалите

Владата останува на ставот за ограничување на игрите на среќа и веќе презеде конкретни законски мерки со кои се намалуваат можностите за нивно организирање, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, одговарајќи на пратеничко прашање на Јована Мојсоска од Левица поврзано со работењето на Државна лотарија, односно дали Владата ќе иницира разрешување на директорот на Државна лотарија, Александар Климовски, како и дали ќе биде затворена платформата за онлајн коцкање „Мегавин“.

To top