Македонија

Го интересираат само партиски членки – Екс соработник на Жерновски откри кој ги кочел лифтовите за изборите во Центар

Го набедуваа Миле Јанакиески а друг блокирал лифтови

Онаа несреќа од бивш градоначалник-амбасадор во најава, се запенил за СДСМ. Абе тој е самобендисан и само за себе мисли.

Поранениот претседавач на општина Центар од СДСМ во времето кога Андреј Жерновски беше градоначалник вели дека екс лидерот на ЛДП и градоначалник а сега член на Централниот одбор на СДСМ е несреќа и самобендисан човек.

 

Мирослав Шиповиќ открива дека лифтовите за кои беше набедуван Миле Јанакиески биле закочени од СДСМ.

Тогаш ВМРО-ДПМНЕ беше обвинето дека намерно ја исклучила струјата во зградите за да не можат постарите жители да ги користат лифтовите и да излезат на гласање.

 

Но Шиповиќ тврди дека не било така. Дека тие ги закочиле лифтовите и го набедиле ВМРО-ДПМНЕ за да може да победи Жерновски.

,,Тој победи за градоначалник кога ние ги закочивме лифтовите и го набедивме ВМРО. Инаку тој поима нема од избори, јер само кафичи го интересираат..добро и членки

Кога беше градоначалник нејќеше да чуе за СДСМ, кадрите го чекаа да ги прими по неколку денови. Тоа и мене ми се случуваше иако канцеларијата ми беше 7 метра до неговата. Ама тој гради авторитет со ароганција, стил кој веројатно го научил од неговиот ментор сегашен советник”, пишува Шиповиќ.

 

Шиповиќ ја избришал објавата со ново тврдење дека намерно измислувал

Тој не кажува дали измислувал и за посебниот интерес на Жерновски за женските членови на партијата

Функционер на СДСМ вели дека објавил лажна вест

Најнови вести од: Македонија

Расте интересот за сметководството: ИСОС со нови иницијативи за младите

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) изминатиот период спроведе низа активности за подигнување на атрактивноста на сметководствената професија и нејзина промоција меѓу студентите и средношколците

„Стандард и Пурс“ и „Фич“ го потврдија досегашниот кредитен рејтинг на Македонија

Македонија води кредибилни и конзистентни макроекономски политики поддржани преку долгогодишната политика на фиксен девизен курс, подобрите показатели за управуање во споредба со други земји со слични економски перформанси, како и посветеноста на реформи во рамки на процесот на пристапување во ЕУ. Ова го констатира кредитната агенција „Фич“ во последниот извештај со кој земјата го задржа и кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед.

Најнови вести

To top