Македонија

Томовски: Скопје пак ќе добие Саем? (ВИДЕО)

Планирано е да се изградат неколку хали за саем, спортски терени и хотел. Би барале приватен инвеститор кој ќе го реализира проектот, за државата да не вложува 50 милиони евра, а објектот ќе биде во државна сопственост

 

Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, вели дека по осум години без саемски простор, Скопје повторно ќе добие современ саемски комплекс.

Во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ   тој рече дека веќе е обезбедена потенцијална локација и дека проектот ќе се реализира преку модел на јавно-приватно партнерствоомовски посочи дека државата во моментов нема сопствен саемски простор и дека се прават последните проверки околу имотно-правниот статус на предложената локација.

„Ние како држава сега немаме саем. Имаме некоја локација во најава, чекаме уште да видиме со Град Скопје и Катастар дали таа локација е чиста. Планирано е да се изградат неколку хали за саем, спортски терени и хотел. Би барале приватен инвеститор кој ќе го реализира проектот, за државата да не вложува 50 милиони евра, а објектот сепак да остане во државна сопственост“, изјави Томовски.

Тој не ја откри точната локација, но посочи дека се наоѓа во близина на студиото на 4ТВ, кое е сместено во комплексот Џавахир во Општина Аеродром.

Скопје остана без саем во 2018 година, кога беше урнат комплексот на Скопски саем за на негово место да биде изграден трговскиот центар Ист Гејт. Од тогаш главниот град нема простор за организирање големи саемски, стопански и културни манифестации.

Уривањето на Скопски саем предизвика силни реакции кај архитектите, урбанистите и дел од јавноста. Во отворено писмо со наслов „И Саем е Скопје“, испратено во 2018 година, претставници на архитектонската фела предупредија дека се уништува значаен дел од македонското архитектонско и стопанско наследство.

Изграден во 1972 година според проект на архитектите Димитар Димитров, Живко Гелевски, Благој Мицевски и Славко Ѓуриќ, Скопски саем со децении беше домаќин на најголемите саемски, културни и музички настани во државата. Во неговите хали се одржуваа Саемот на книгата, Саемот за мебел, туристички берзи, модни настани, како и концерти на светски и домашни музички имиња.

Со најавата за изградба на нов саемски комплекс, по речиси една деценија се отвора можност Скопје повторно да добие простор за големи меѓународни и домашни манифестации.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

To top