Македонија

Торонто доби Канадско-македонска стопанска комора – платформа за претприемачи и соработка со Македонија

Во време кога македонската дијаспора сѐ појасно ја чувствува потребата од организирано економско поврзување и заеднички настап, во Торонто беше одржан првиот состанок на Основачкиот одбор на Канадско – Македонската Стопанска Комора, иницијатива која има амбиција да стане централна точка на македонскиот бизнис живот во Канада.

Во време кога македонската дијаспора сѐ појасно ја чувствува потребата од организирано економско поврзување и заеднички настап, во Торонто беше одржан првиот состанок на Основачкиот одбор на Канадско – Македонската Стопанска Комора, иницијатива која има амбиција да стане централна точка на македонскиот бизнис живот во Канада.

Во состав на Основачкиот одбор се Милосов Лукароски, Теа Пешева, Диана Индовски, Иван Лукароски и Кирил Колемишевски, кои со овој чекор ја отвораат вратата за нова фаза на економско организирање на Македонците во Канада.

На состанокот беа поставени темелите на идното дејствување на Комората, со јасен фокус на поддршка на македонските претприемачи, професионалци и компании, како и на создавање силна и поврзана бизнис заедница која ќе може да настапува координирано, стратешки и заеднички. Преку ваквиот пристап, Комората има намера да ги зајакне деловните односи внатре во македонската заедница во Канада, но и да отвори поширок простор за трговија, инвестиции и соработка меѓу Канада и Македонија.

Во својата поставеност, Комората се позиционира како платформа која ќе го поттикнува претприемништвото, ќе создава услови за професионален развој и ќе гради конкретни мостови меѓу македонските бизниси од двете страни на Атлантикот. Намерата е да се изгради стабилна економска мрежа која нема да биде само симболична, туку ќе произведува реални резултати преку партнерства, инвестиции и размена на знаење и искуства.

Основачкиот одбор ја нагласи својата определба оваа иницијатива да прерасне во силен двигател на економско поврзување, со јасна ориентација кон долгорочен раст, зајакнување на македонскиот бизнис идентитет во Канада и продлабочување на економските врски со Македонија.

Со овој прв состанок, Канадско Македонската Стопанска Комора практично го означи почетокот на една нова организациска и економска енергија во дијаспората, со потенцијал да создаде видливи и трајни резултати за македонската заедница.

Канадско Македонската Стопанска Комора е отворена за членство и соработка со сите заинтересирани субјекти, како од Канада, така и од Македонија, вклучително компании, претприемачи и професионалци кои препознаваат вредност во градењето силни деловни врски, размена на знаење и заеднички економски развој меѓу двете земји.

 

Со почит,

Основачки одбор на Канадско Македонска Стопанска Комора

 

https://www.canmaccc.com/

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Со намален ДДВ, граѓаните заштедуваат 1,6 милиони евра неделно за горива

Бидејќи предизвик е цената на мазутот, се размислува веќе на следната седница да се донесе одлука за интервенција со околу 2.000 тони мазут од државните резерви, со цел да се намалат трошоците на ЕСМ и да се спречи евентуално поскапување на електричната енергија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Башановиќ бил посредник меѓу Заев и Ципрас?

Ова е првпат после долго време ВМРО-ДПМНЕ јавно и директно да ги поврзе Башановиќ и Заев со конкретни обвинувања за посредништво во Преспанскиот договор, енергетски зделки и можни финансиски обврски, што најверојатно ќе ја заостри политичката реторика во периодот пред претстојните избори.

To top