Македонија

Тошковски: Бев во Кочани, се видов со дел од родителите на настраданите во „Пулс“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека континуирано е во комуникација со родители, но, оти не сака да го користи тоа за ПР и за медиумска експлатација, откривајќи дека веќе бил во Кочани, каде имал средба со дел од родителите на настраданите во дискотеката „Пулс“. Тоа што можам да го сторам како министер и […]

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека континуирано е во комуникација со родители, но, оти не сака да го користи тоа за ПР и за медиумска експлатација, откривајќи дека веќе бил во Кочани, каде имал средба со дел од родителите на настраданите во дискотеката „Пулс“. Тоа што можам да го сторам како министер и тоа што сум должен да го направам, ќе го направам, но, нема од тоа да профитирам медиумски. Имаше многу разговори, имаше многу конструктивни разговори со тие родители, изјави Тошковски, во интервју за МРТВ.

Зборувајќи за пожарот во кочанската дискотека, Тошковски, рече дека „еден од најновите обиди за манипулација што ги прави опозицијата е дека истрагата завршила, а информациите не биле достапни до јавноста“.

  • Истрагата во делот на процесот што се води од страна на Основното јавно обвинителство – Кочани, формално е завршена. Но, тоа не значи дека доколку се најдат одредени докази, а се поврзани со конкретно кривично дело, нема да бидат процесуирани спрема оние сторители, потенцијални осомничени или идни обвинети каде што ќе има конкретни докази како што беше и со оној фиктивниот сопственик којшто го кажавте претходно поврзан со, односно реалниот сопственик поврзан со правното лице за обезбедување на предметната дискотека. Тоа е едниот факт, а вториот е лагата на опозицијата дека истрагата е целосно завршена. Не е точно. Истрагата што се води од страна на Обвинителството за организиран криминал сѐ уште е во тек и не е завршена, посочи Тошковски, кој гостуваше на „Македонската радио телевизија“.

Тој изрази уверување, дека од она што досега бил информиран, докази имало огромен број и за многу лица, за дејствија и не дејствија.

  • Тезата на опозицијата дека не одговараат моментални функционери што од петни жили се обидуваат да ја наметнат на јавноста, е, погрешна. Во рамки на оваа постапка, факт е дека е осомничен еден актуелен министер. Осомничени се поранешни, но, осомничен е и еден актуелен министер. Факт е дека во рамки на оваа постапка се осомничени и поранешни директори, но, осомничен е и моментален директор на Дирекција за заштита и спасување. Факт е дека во рамки на оваа постапка имаме осомничено поранешни градоначалници, но, факт е дека имаме осомничено и сегашен градоначалник, рече министерот.

Тошковски рече дека лага било и тоа оти не се опфатени моментални надлежни полициски функционери.

  • Исто како што е лага дека полициските функционери наводно кажано коишто биле надлежни вечерта, сѐ уште ги обавувале истите функции. Не е точно, нагласи Тошковски.

Прашан за барањата на блиски на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ да одат во Кочани и лично да се сретнат со нив, Тошковски рече дека бил во Кочани и се видел со дел од родителите.

  • Јас бев во Кочани. Бев, се видов со добар дел од родителите, одговори министерот.

Пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, што се случи рано изутрина на 16 март, зеде 62 жртви, а околу 200 повредени беа пренесени на лекување низ болници во државава и во странство.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Нема да дозволиме профитерство, рече Мицкоски по средбата со газдите на маркетите

По средбата на претставниците на маркетите и премиерот во Владата е заклучено дека не треба да има ново зголемување на цените. Премиерот порача дека нема да се дозволи профитерство на грбот на граѓаните.

(Видео): Синдикатот за култура со кривична за министерот Љутков – тој пак тврди: Барањата за раст на платите се незаконски

Синдикатот за култура поднесе кривична пријава против министерот за култура, за злоупотреба на службената положба и кршење на правата на вработените. Според претседателката на синдикатот, Вера Атанасовска министерот со инструкции испратени по е-пошта се обидел да ги поткопа правата на вработените и колективните договори. Синдикатот наведува дека повеќе од 800 пријави се поднесени од вработените во културата и дека постојат правосилни судски одлуки во нивна корист.

Николоски од Вашингтон: Разговаравме за економска соработка, енергетската транзиција и изградба на коридори

На средбата со Даниел Лотон, заменик-помошник државен секретар за Европа, беше нагласено силното партнерство меѓу двете земји, засновано на меѓусебна поддршка и споделена посветеност на демократските вредности, како и на создавање подобри перспективи за економска и трговска соработка, соопшти Министерството за транспорт.

Кај судијата Ѓоко Ристов пронајдени судски предмети, кои не ги гибал сѐ до истекување на роковите, најверојатно за да застарат!

Судскиот совет констатира сериозни сомнежи за несовесно и нестручно постапување на судија од Апелациониот суд Скопје, поради неразумно одолжување на судски постапки што довело до апсолутна застареност на предмети. Во извештаите се наведува дека дел од предметите биле чувани во фиока сè до истекување на роковите за кривичен прогон. Иако на седницата не беше јавно посочено името на судијата, досегашните сознанија имплицираат дека е тоа судијата во Апелацискиот суд Ѓоко Ристов. Против него и порано беа поднесувани анонимни претставки до Судскиот совет.

Попов: Македонскиот јазик не е „вештачка конструкција“ и борбата за него не е завршена! Стратегиските партнери треба да помогнат за спорот со Бугарија!

–Официјализирањето на македонската азбука и на македонскиот стандарден јазик не е никаква „вештачка конструкција“, туку логичен тек на долговековниот просторен и временски континуитет на македонскиот јазик и неговите дијалекти на цела територија. Тој има долга историја и особен влог во рамките на групата на словенски јазици и светското јазично семејство. Но борбата за зачувување на македонскиот јазик не е завршена. Таа мора да трае и да продолжи пред меѓународните институции за човекови права бидејќи неговата официјална употреба од страна на деловите на македонскиот народ во соседните земји е оневозможена со преземените обврски со потпишаните меѓународни договори. “ – нагласи Живко Попов, претседателот на Македонската академија на науки уметности, денес во своето годишно обраќање. .

To top