Македонија

Тошковски: Стојанче Јовановски, сопругот на починатата, која се фрли со ќерката од зградата, имал обемно криминално досие

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција истакна дека Стојанче Јовановски по вчерашниот настан е лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело, по што ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.

-Во СВР Скопје за лицето има 10 кривични пријава за дела од областа на насилен криминал, имотни деликти и дрога. Во декември 2025 година по апсење за дрога, биле пронајдени 20 паковки дрога, а МВР отпочнало брза постапка и доставиле кривична пријава до Јавното обвинителство и од страна на ЈО биле побарани мерки на претпазливост и истите биле изречени од судот. Во 2025 и 2026 година имало повеќе пријави за нарушени односи и човечки напади меѓу сопружниците и полицијата постапувала. Во сите наврати пријавите биле повлекувани и сега починатата Ивана се откажувала од водење на понатамошни постапки, вели Тошковски.

На вчерашната трагедија и претходела нова расправа меѓу сопружниците при што полицијата интервенирала, но Ивана изјавила дека немало физички контакт, се работело за недоразбирање кое ќе го решеле по мирен пат и не бара полициска интервенција. Тошковски вели дека сега почината Ивана, ставила свој потпис на сочинетата белешка пред заминувањето на полицијата.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

To top