Македонија

Тошковски за донацијата од САД за бомбашкиот оддел на МВР: стратегиското партнерство ја јакне безбедноста на Македонија!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на министерството присуствуваше на предавање на опрема, обезбедена во соработка со американската амбасада во Македонија и програмата АТА. Се работи за донација за опрема за потребите на Единицата за откривање и демонтирање експлозивни средства и направи во Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање  организиран и сериозен криминал.

„Денес покажуваме дека нашето стратегиско партнерство со САД е на одлично ниво. Упатувам огромна благодарност на целиот тим на американската амбасада во Македонија. Со нивната лична заложба ја обезбедуваме оваа значајна опрема, која е донирана од страна на американската држава. Имаме опрема којашто е донирана на единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства или „бомбашката единица“, којшто е клучна за Македонија во рамки на професионалното делување на МВР. Се работи за најсовремена опрема во вредност околу милион евра и сите припадници на единицата веќе имаат поминато соодветна обука, организирана од амбасадата. Со ваков тип на опрема се штитат животите и на граѓаните и на професионалците во МВР“, нагласи министерот Тошковски.

Се работи за високософистицирана опрема, вредна околу еден милион евра: роботи за справување со импровизирани направи, неексплодирани минско- експлозивни и други убојни средства, бомбашки одела, телескопски манипулативни раце, детектори на експлозивни средства, фибер оптички камери, рендген апарати за откривање на експлозивни средства, специјализирано возило за пренос на опремата и обуки на припадниците на Едницата за откривање и демонтирање на екслпзивни средства и направи, за користење на опремата преку програмата АТА.

Вршителот на должност амбасадор на САД во Македонија Никол Варнс посочи дека оваа донација ја претставува заедничката посветеност кон засилување на капацитетите на министерството за одговор на вакви видови закани, заштита на заедницата и животите на граѓаните.

„Заедничката посветеност на министерството и амбасадата е пресудна во успехот на нашите две земји и се радувам и на идната соработка. Припадниците на Одделот за минско експлозивни средства во нивната работа се исправени пред неверојатна опасност. Тие се движат кон опасноста, за да бидат другите безбедни. Ги заслужуваат најквалитетните алатки и опрема, да ги извршуваат своите обврски безбедно и ефективно. Ова возило и опрема ќе го зголемат нивниот капацитет да ги детектираат, проценат и неутрализираат заканите од експлозиии, со поголема брзина, прецизност и координација. Денешната поддршка го потенцира нашиот заеднички интерес за безбедност и стабилност. Кога капацитетите на Република Македонија се засилени, кога заканите се идентификувани и соодветно и брзо разрешени, придобивките се и за двете нации. Силното двострано партнерство како нашето е клучно да обезбеди безбедност и да се справи со предизвиците, пред тие да ескалираат. Тоа го прават партнери од доверба.“, нагласи вршителката на должноста американска амбасадорка во Македонија Никол Варнс.

Најнови вести од: Македонија

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top