Македонија

Традиционална „Пивтијада“ за Водици во скопска Автокоманда

Градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски упати повик до сите граѓани: Дојдете на бидеме хумани и да се дружиме

Со хуманитарен, натпреварувачки и  забавен карактер, Пивтијадата во Гази Баба повторно ги обединува граѓаните во духот на солидарноста и традицијата.

Ќе се продаваат пивтии, а сите собрани средства ќе бидат донирани на Клиниката за детски болести.

Во натпреварувачкиот дел ќе се избираат најубаво украсените пивтии, а по оценувањето од стручна комисија,  најдобрите три ќе бидат наградени.

Во забавниот дел свои настапи ќе имаат Миле Кузмановски, Давид Темелков, Даниела Темелковска и Ансамблот „Јонче Христовски“.

Градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски упати повик до сите граѓани:

„ Дојдете да бидеме хумани, да се дружиме и да уживаме со убава музика! Понеделник, со почеток во 13 часот на плоштадот Автокоманда.

Најнови вести од: Македонија

Заев и Филипче да кажат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово?

Тој истакна дека 200 милиони евра ќе заработел Дака, благодарение на промената на детално урбанистичкиот план во Тетово кој СДС и ДУИ го носат ден по формирање на владата во 2020 година

To top