Македонија

Трагедија во Велес: младо момче со нож си ја уби девојката и татко ѝ, а потоа се самоуби

Се уште нема сознанија за можните мотиви за ова двојно убиство и самоубиство.

Двојно убиство и самоубиство се случи попладнево во Велес. Според информациите, младо момче со нож ја уби својата девојка и нејзиниот татко, по што самиот се убил.

– Денеска, на 15 септември 2025 година во 15 часот и 30 минути во велешката полиција е пријавено е дека на улицата „Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско лице со повреди од остар предмет. На местото излегоа полициски службеници и констатираа дека се работи за Р.К.(31) од Велес, која од Итната медицинска помош е пренесена во градската болница, каде што е констатирана смрт.

Веднаш потоа во домот на нејзиниот татко К.К.(68) на истата улица е пронајден и тој починат, исто така, со  повреди од остар предмет. Во домот со повреди од остар предмет е пронајден и И.С.(39) од Скопје, поранешен партнер на Р.К., за кој, според првичните информации, постои сомнение дека ги нападнал двајцата, по што сам се повредил. Откако е пренесен во болницата во Велес и кај него е констатирана смрт.

Увид врши јавен обвинител во содејство со увидна екипа на СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот – соопштија од МВР.

Најнови вести од: Македонија

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината

To top