Македонија

Транспаренти и графити низ Чаир заради „политичко мобилизирање“: Време е да ги направиме Албанците повторно господар на куќата!

„Денес во раните утрински часови, на неколку улици во општина Чаир во Скопје се појавија графити и пароли со политичка содржина. На натписите пишуваше: ‘Време е да ги направиме Албанците повторно господар на куќата!“ – оваа вест ја објави денес весникот на албански јазик „Лајм“ од Скопје.

Во фото-веста со наслов „Графити со мобилизирачки пораки на улиците на Скопје: ‘Време е да ги направиме Албанците повторно господар на куќата!“ весникот додава: „Графитите беа забележани од жителите на населбата. Фотографиите со графитите беа бргу споделени на општествените мрежи.“  

„До овој момент нема официјални соопштенија во врска со авторите на овие натписи, ниту конкретна реакција од одговорните институции.“ – посочува „Лајм“.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори оваа година, целта е редовни избори (ВИДЕО)

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата нема намера да распишува предвремени парламентарни избори во текот на оваа година и дека останува посветена на редовниот изборен циклус во 2028 година.

To top