Македонија

Трипуновски: Потребно е расветлување на случајот со распределбата на финансиските средства, станува збор за над 800.000 евра

Министерот истакна дека постојат сериозни индиции и докази за злоупотреби во доделувањето грантови, при што бил заобиколен системот на Платежната агенција

Потребно е целосно расветлување на случајот со распределбата на финансиски средства, зашто станува збор за над 800.000 евра, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Според него, постојат сериозни индиции и докази за злоупотреби во доделувањето грантови, при што бил заобиколен системот на Платежната агенција.

Како што рече Трипуновски во гостување на Алфа телевизија, како функционер по промената на власта има обврска да постапи по доставените информации од свиркачи и да иницира проверка на сите сомнителни случаи. Неколкупати, нагласи, ја информирал јавноста и го повикал Јавното обвинителство да покрене постапки за наводните злоупотреби.

Поранешниот министер Николовски под истрага за злоупотебени 820.000 евра

-Ова не е реваншизам, туку потреба да се утврди одговорност таму каде што има прекршување на законите. Случајот се однесува на заобиколување на законскиот систем за доделување грантови, при што тогашниот министер, Љупчо Николовски формирал сопствена комисија и делел средства без соодветна контрола и следливост. Во Комисијата бил еден поранешен нивен близок сопартиец, член на една политичка комисија, истакна Трипуновски.

Тој потенцираше дека со ваквиот пристап граѓаните биле доведени во заблуда, а одлуките биле носени со висок степен на субјективност.

-Станува збор за распределба на над 800.000 евра, за која постои сомнеж дека е извршена спротивно на законските процедури, заклучи министерот.

Трипуновски додаде дека актуелното раководство не ги укинало програмите, туку ги вратило во законски рамки односно преку Платежната агенција, со јасни правила и контрола.

Тој посочи дека очекува институциите да постапат и да се расчисти случајот до крај.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top