Македонија

ЦУК: 20 пожари регистрирани во изминатото деноноќие

Три активни, два под контрола, 15 изгаснати

Во периодот од 18 до 19 септември, до 07:30 часот, на територијата на државата се регистрирани вкупно 20 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од нив, три пожари се активни, два се под контрола, а 15 се изгаснати.

Активни се пожарите во:

  • Кривогаштани, на релација с. Подвис – с. Кривогаштани, каде гори ниска вегетација;
  • Ресен, во с. Евла, каде гори ѓубре и ниска вегетација;
  • Куманово, во с. Пчиња, каде гори ѓубре и ниска вегетација.

Под контрола се два пожари. Едниот е на подрачјето на Македонски Брод и Сопиште, кај с. Белица, во месноста Кајорец, со проширување кон Јасен, каде е зафатена нискостеблеста и мешана шума. Вториот е во Општина Ново Село, кај с. Бадилен, каде гори шума.

Во изминатото деноноќие се изгаснати 15 пожари, меѓу кои и пожари на подрачјето на Скопје, Битола, Дебар, Штип, Карбинци, Виница, Берово, Куманово, Ранковце и Тетово.

ЦУК продолжува да ја следи состојбата и да ги координира активностите со надлежните служби.

Најнови вести од: Македонија

Не се укинува вториот пензиски столб – законската одредба за 6%, се префрла во друг закон, рече министерот Велковски

Дали со предлогот за  бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб власта ги доведува во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани кои се негови членови?!

Во Битола се одржа литија низ Широк Сокак со чудотворната икона на Пресвета Богородица Утешителка Паљурска

По Светата Литургија, чудотворната икона на Пресвета Богородица Утешителка Паљурска беше изнесена во свечена литија низ Широк Сокак, во која се вклучија свештениците, монашките заедници и бројните ходочесници. Со литијата заврши централниот дел од ходочестието во Битола.

To top