Македонија

Тунелот кон Бугарија доби „зелено светло“ од собраниската комисија за надворешна политика

Тунелот ќе биде долг 2.383 метри, од кои 1.193.70 метри се на територијата на Република Бугарија, а 1.189.30 метри на територијата на Република  Македонија, односно тунелот ја поврзува железничката линија Софија-Перник-Радомир-Ѓуешево-границата меѓу двете држави-Крива Паланка-Бељаковци-Куманово-Скопје.

Собраниската комисија за надворешна политика и надворешна трговија денеска едногласно го прифати предлогот на закон за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија во врска со подготовката, изградбата и оперативноста на меѓуграничниот железнички тунел и го достави предложеното законско решение на усвојување на Собранието

Според Крум Ефремов, директор во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, се работи за договор со кој се уредуваат техничките, финансиските и организационите прашања поврзани со подготовката, изградбата и оперативноста на меѓуграничниот железнички тунел во насока на поврзување на двете држави.

„ Овој договор, исто така, ќе создаде и позитивни политички и економски предуслови за трговска и индустриска поголема соработка на Република Бугарија и нашата земја, со цел изградба, но и оперативно функционирање и на граничниот премин и на активностите во делот на одржување на овој тунел“, истакна Ефремов.

Додаде дека со ратификацијата на овој договор се овозможува почеток и спроведување на оваа акативност.

Инаку, според Предлог законското решение станува збор за тунел долг 2.383 метри, од кои 1.193.70 метри се на територијата на Република Бугарија, а 1.189.30 метри на територијата на Република  Македонија, односно тунелот ја поврзува железничката линија Софија-Перник-Радомир-Ѓуешево-границата меѓу двете држави-Крива Паланка-Бељаковци-Куманово-Скопје.

Пратеникот Антонијо Милошоски го поздрави постигнувањето на овој договор и се заблагодари за пријателскиот ангажман во посредување за постигнувањето на овој договор на претставници на Француската Република, кои вложиле несебичен напор овој договор да биде постигнат.

 

Најнови вести од: Македонија

Реформа на дисциплинските постапки, гаранции за самостојност и поголема транспарентност при изборот на државниот јавен обвинител

Предлог-законот предвидува модернизација на постојната законска рамка, воведување јасен мерит-систем за избор, унапредување и оценување на обвинителите, како и зајакнување на гаранциите за нивната самостојност

„Зелникот на баба“ ќе се одржи викендов во Пробиштип

Дванаесетта година по ред Општина Пробиштип денот на пролетта, го одбележува со меѓународна манифестација „Зелникот на баба“. Од Општина Пробиштип  во писменото соопштение велат дека манифестацијата ќе се одржи оваа сабота, односно на 21 март, со почеток во 11 часот. Годинава очекуваат присуство на натпреварувачи од 18 општини од Македонија, потоа од пет Здруженија од […]

To top