Македонија

ТВ Алфа: ДУИ е како расипана плоча – национализмот и повторното разгорување меѓуетнички тензии им е последното прибежиште!

„ДУИ е како расипана плоча, на која е снимен само национализам и обид за разгорување на меѓуетнички тензии. Повторно исти закани, сега поради одлуката на Уставниот суд, дека законските измени за Сејф сити биле уставни. Првиот уставен судија Дарко Костадиновски во своето образложение кажа дека СМС- пораките од системот Безбеден град, треба да испраќаат само на македонски јазик, додека можат и на англиски за странци кои ќе сторат прекршок, но не и на албански.“ – објави ТВ Алфа.

Натаму телевизијата истакнува: Поради ова интегративците сега решија да бараат оставка од него, велејќи дека во спротивно ќе сносел целосна одговорност, за секоја последица што може да се појави на планот на меѓуетничките односи. Политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи, за Алфа вели дека со оваа реторика Ахмети и неговите сопартијци, само наштетуваат на добриот соживот во државата.

-Да се оградат од политики кои се веќе демоде во нашата држава, односно секоја одлука која излегува од некој орган во државата, а каде ДУИ не е во власт, го протумачуваат односно го толкуваат како тоа да е злобата на народот. Како поминува времето се гледа дека таа политичка партија ги губи своите приврзаници, своите клиентилисти, изјави Фаризи.

Ова не е прв пат ДУИ да се обидува да врши притисоци врз уставните судии, на крајот 2024-та кампуваа пред Уставен бидејќи беше отворен предмет за оценка на уставноста на Законот за јазици. Фаризи вели дека на ДУИ се им одговара кога се на власт, а ништо кога се во опозицијата.

-ДУИ да не заборавиме дека истите го имаат изгласано Дарко Костадиновски во 2018-тата да биде уставен судија. Така да, буквално денеска тие се обраќаат на некого кој сами го избраа. ДУИ ги менува ставовите во зависност од тоа дали се власт или се опозиција. Сејф сити е општо добро за сите граѓани во државата и одлуката на Уставниот суд мислам дека е исправна, бијдеќи има гарантира безбедност на сите граѓани, кои што се дел од сообраќајот, изјави Фаризи.

Инаку, Уставниот суд ги отфрли иницијативите со кои се оспоруваше уставноста на законските измени за системот „Сејф сити“. Тоа значи дека Безбеден град останува на сила.Судиите иако со поделени ставови одлучија дека измените во Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата не се во спротивност со Уставот, истакнува ТВ Алфа.

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

To top