Македонија

Уапсен Артан Груби

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.

Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.

Поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците од редовите на ДУИ, во декември 2024 година беше ставен на т.н. „црна листа“ на САД поради вмешаност во значителна корупција.

Набргу потоа тој се повлече од јавниот живот и покрај неговите тврдења дека е „чист како солза“, а откако Обвинителството отвори истрага за случајот со проневери во „ Државна лотарија“, во кој беше осомничен и Груби, тој побегна од државата. Тврдеше дека не избегал, туку дека бил во приватна посета на Косово, наведувајќи дека штом ги заврши обврските ќе се врати дома.

Македонската полиција тогаш распиша меѓународна потерница по Артан Груби.

Екс-директорот на Лотарија Бајрами заедно со Груби украле милиони евра државни пари

Најнови вести од: Македонија

Стразбур го прашува Скопје за „бомбите на Заев“ и пресудата за Сеад Кочан

Никогаш не било спроведено експертско вештачење на нелегално прислушуваните разговори, врз основа на кои бизнисменот Сеад Кочан бил осуден во процесот „Труст“ на казна затвор од 4 години и 8 месеци

To top