Македонија

Учениците читаат, но ништо не разбираат – Зошто децата во Македонија се сè понеписмени?!

Македонија се соочува со сериозен пад на писменоста. Поразителни се резултатите од најновото истражување кај четврто и осмоодделенците кое открива дека новите генерации се потешко пишуваат, а уште помалку разбираат што читаат. Иако растат во дигитална ера, многумина не го знаат значењето на основни поими како зборот аудио, ниту знаат да изградат сопствен став за теми како загадувањето на воздухот.

Ученици од 4-то и 8-мо одделение кои биле дел од истражувањето недоволно ги разбираат темите кои ги учат, половина од нив имаат лош и неразбирлив ракопис, имаат проблем кога треба да дадат личен став, помалку читаат, повеќе време поминуваат со видеосодржини од кои немаат едукативна корист, што според професорите доведува до слаби резултати на меѓународните тестирања, велат од Институтот. Една од причините е и предолгото користење на мобилниот телефон. Препорака од истражувањето е да се приспособат програмите на возраста на децата, родителите наместо да прашуваат за оценка, да ги мотивираат децата да се описменат.

За да се спречи овој негативен тренд, потребен е итен пресврт во начинот на кој учат. да се посвети повеќе време на ракописот а наставниците да ги поттикнуваат учениците на  критичко размислување. Од институтот потенцираат дека клучот за подобар успех е да се ограничи времето поминато на телефони и видео игри, заменувајќи го со спорт и активна комуникација на часовите.

Истражувањето е спроведено во март и во април 2025-та година, на 1.288 ученици во 10 скопски основни училишта.

Најнови вести од: Македонија

Ученици од Крива Паланка освоија високи награди на Државниот натпревар по пијано и хармоника

На 64-тиот Државен натпревар на ученици во основното музичко образование, што се одржа на 6 и 7 април 2026 година во Скопје, учениците од основното општинско училиште „Св.Јоаким Крчовски” постигнаа високи и резултати во двете дисциплини: пијано и хармоника

ТАВ Македонија дванаесетта година по ред донира пакети со храна и хигиенски средства на семејства во социјален ризик од Општина Илинден

Во  пресрет на христијанскиот празник Велигден, компанијата донира пакети со храна и хигиенски средства за 37 семејства од оваа општина, кои живеат во социјален ризик

(Фото): Избрани Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народна банка

Со изборот на новите вицегувернери се обезбедува непрекинатост во спроведувањето стабилна и кредибилна монетарна политика заради одржување на ценовната стабилност и за поддршка на економскиот развој.

Кафулиња и маркети ќе му плаќаат на „Комуналец“ за сопствени контејнери и собирање ѓубре

Од Град Скопје појаснуваат дека досегашната одлука не содржела одредби за оваа комунална дејност, поради што се наметнала потребата од нејзино дополнување. Со новите измени, ЈП „Комунална хигиена“ се утврдува како единствен овластен субјект за собирање и транспорт на комуналниот комерцијален отпад на територијата на градот.

Објавена Заедничка изјава за стратегискиот дијалог меѓу Македонија и САД – јакнење на соработката во клучни области, енергетиката и економијата, одбраната и безбедноста

Владите на Република Македонија и Соединетите Американски Држави денеска објавија Заедничка изјава по одржувањето на вториот состанок за стратегискиот дијалог во Вашингтон, предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и заменик-државниот секретар Кристофер Ландау. Заедничката изјава е достапна на веб-страницата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија.

Мицкоски до Филипче: Бројките и мерките се во полза на оваа Влада, имаме една од најниските стапки на инфлација

Мерката што ја направи Владата за намалување на ДДВ од 18 на 10 отсто за нафтените деривати, а сега и можноста Регулаторната комисија да ги намали акцизите и на дизелот и на безоловните горива, придонесе на месечно ниво да имаме една од најниските стапки на инфлација – порача денеска од говорницата на македонското Собрание претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

To top