Македонија

УЈП „ги чешла“ приливите на средства од странство

Управата за јавни приходи испраќа решенија за наплата на данок за непријавени приходи од странство

Управата за јавни приходи (УЈП) започна системска проверка на сите приливи од странство што ги оствариле физичките лица во периодот од 2020 година до денес.

Информацијата за Фокус ја потврдуваат и даночни советници, кои велат дека по објавите во медиумите и директната комуникација со граѓани, УЈП веќе испраќа решенија за наплата на данок за непријавени приходи од странство.

Контролата има за цел да утврди дали граѓаните кои во изминатите години оствариле приход од странство навистина го пријавиле тој приход и поднеле пресметка до УЈП, како и дали соодветно го платиле овој данок.

Од УЈП веќе се испраќаат решенија за наплата на данок за непријавени приливи од 2020 година.

Дел од граѓаните веќе добиле известувања дека им е утврден долг по основ на непријавен приход, а во следните денови се очекува засилена активност на институцијата.

Даночните советници најавуваат дополнителни објаснувања и упатства за тоа како точно треба да се пријават приходите од странство кои подлежат на оданочување со данок на личен доход, со цел граѓаните навремено да постапат и да избегнат казни и камати.

 

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top