Македонија

Украдено злато вредно 1,8 милиони евра: МВР откри детали за разбојништвото во Гостивар

На 10.10.2025 во 18:45 часот во СВР Тетово е пријавено дека четири маскирани лица со автоматско оружје извршиле разбојништво во златарница во близина на малиот пазар во Гостивар

На 10.10.2025 во 18:45 часот во СВР Тетово е пријавено дека четири маскирани лица со автоматско оружје извршиле разбојништво во златарница во близина на малиот пазар во Гостивар, сопственост на С.Ж. од Гостивар, при што одзеле околу 18 килограми злато во вредност од околу 1,8 милиони евра.

По извршување на делото лицата побегнале со патничко моторно возило “бмв х3”  без регистарски таблички. Веднаш е постапено по пријавата и во 19:00 часот на регионалниот пат Мавровска крстосница – с.Маврово пронајдено е опожарено патничко возило „бмв х3“ без регистарски таблички.

Пожарот е изгаснат од Територијалната протившпожарна единица Гостивар и при вршење на увидот во возилото е пронајдена автоматска пушка со бајонет.

По наредба на јавен обвинител возилото е однесено во кругот на Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Најнови вести од: Македонија

Савевски: Почеста употреба на гаранција како мерка за обезбедување присуство наместо притвор

Доколку некој побегне, а оставил гаранција – тој имот, недвижен или подвижен имот, како и да е, има одредена вредност. Таа вредност, доколку побегне, останува сопственост на нашата држава, вели новиот државен обвинител

To top