Македонија

Урбани моторџии низ скопските улици во знак на борбата за заштита на машкото здравје

Урбаните моторџии денеска по 10-ти пат ќе продефилираат низ скопските улици во знак на борбата против ракот на простатата и подигањето на свеста за машкото здравје. Облечени во стандардниот дрес код – палто, вратоврска, елегантни чевли и задолжително кацига, тие, како и секоја година, така и оваа ќе бидат дел од глобалното движење „The Distinguished […]

Урбаните моторџии денеска по 10-ти пат ќе продефилираат низ скопските улици во знак на борбата против ракот на простатата и подигањето на свеста за машкото здравје.

Облечени во стандардниот дрес код – палто, вратоврска, елегантни чевли и задолжително кацига, тие, како и секоја година, така и оваа ќе бидат дел од глобалното движење „The Distinguished Gentlemans Ride кое се одржува во 108 држави со вкупно 1036 учесници.

Скопје првпат се најде на мапата на ова глобално движење во 2016 година, а оваа урбана приказна со хуманитарна димензија опстои благодарение на двајцата иницијатори Игор Стефановски и Благоја Петровски.

Стефановски, правејќи ретроспектива на изминатите десет години, оцени за МИА дека поттикот и одговорноста да се продолжи во оваа насока, се уште поголеми имајќи предвид дека од година во година се повеќе се зголемува интересот за учество.

Секоја година се донираат финансиски средства кои потоа се уплатуваат на сметката на фондацијата „Мовембер“ во Лондон, а оттаму се трансферираат во сите оние болници и институции кои се фокусирани на борбата за заштита на машкото здравје и ракот на простата.

Настанот се организира секоја година во втората половина на мај според одредени правила и мора да има одлики специфични за самото движење како уникатни мотори и елегантен дрес код.

Првпат движењето „The Distinguished Gentlemans Ride“ почна во 2012 година во Сиднеј кога Марк Хава облечен во фин машки костим одлучи да продефилира низ улиците на градот во чест на неговиот пријател кој починал од рак на простата. Од година во година движењето станува се помасовно и на годишно ниво се собираат средства кои преку фондацијата „Мовембер“ се донираат во борбата за ракот на простата. МИА

Најнови вести од: Македонија

Попов: Македонскиот јазик не е „вештачка конструкција“ и борбата за него не е завршена! Стратегиските партнери треба да помогнат за спорот со Бугарија!

–Официјализирањето на македонската азбука и на македонскиот стандарден јазик не е никаква „вештачка конструкција“, туку логичен тек на долговековниот просторен и временски континуитет на македонскиот јазик и неговите дијалекти на цела територија. Тој има долга историја и особен влог во рамките на групата на словенски јазици и светското јазично семејство. Но борбата за зачувување на македонскиот јазик не е завршена. Таа мора да трае и да продолжи пред меѓународните институции за човекови права бидејќи неговата официјална употреба од страна на деловите на македонскиот народ во соседните земји е оневозможена со преземените обврски со потпишаните меѓународни договори. “ – нагласи Живко Попов, претседателот на Македонската академија на науки уметности, денес во своето годишно обраќање. .

Уставниот суд ги отфрли иницијативите, со кои се оспоруваше уставноста на „Безбедниот град“

Уставниот суд ги отфрли иницијативите да се оспори системот „Безбеден град“, односно дел од одредбите на Законот за прекршоци. Иницијативи со кои се бараше да се оспори „Безбеден град“ поднесоа двата дела на Алијансата за Албанците, предводени од Зијадин Села и од Арбен Таравари, како и студентот Или Пачуку, поради неупотребата на албанскиот јазик во пораките за прекршоци. Забелешката е и за, како што се тврдеше, „спроведувањето на системот само во Скопје, Тетово и во Куманово“, потоа и за обврската за поседување мобилен телефон и интернет-адреса заради доставување на пораките, но и за наводна „селективна примена на Законот и за дискриминација на Албанците“. Со иницијативите се бараше Уставниот суд да ги поништи „спорните“ одредби.

Мицкоски: Зголемен е бројот на странските инвеститори, што се задоволни од бизнис климата во државата и кои се подготвени да ја зголемат својата инвестиција

„За нас странските инвеститори се исклучително важни исто како и домашните инвеститори, бидејќи економијата е една од главните приоритети на функционирањето на оваа Влада, како и сѐ друго, што е составен дел во таа борба за колку е можно подобра економија.“ – истакна премиерот Христијан Мицкоски по работната средба со Советот на странски инвеститори.

Samsung Galaxy S26 Серијата и Galaxy Buds4 Серијата сега достапни ширум светот

Galaxy S26 серијата бележи двоцифрен раст во нарачки, додека Galaxy S26 Ultra е избор на 70% од потрошувачите, заедно со Galaxy Buds4 серијата со неверојатен звук.
Во Европа, уредот Galaxy S26 Ultra бележи 20% раст на нарачките на годишно ниво

Министерство за финансии: „Стоп“ за измамите на финансиските друштва за кредити со „нула камата“!

Министерството за финансии на Република Македонија во реализиран надѕор врз работењето на финансиските друштва  констатира одредени измамнички трговски практики, кои се однесуваат, меѓу другото,  на рекламирањето на финансиските услуги и други дејстваа од финансиските друштва, спротивно на Законот за заштита на потрошувачите. „При надзорот констатирани се рекламирања со 0% камата, иако во договорот за кредит биле предвидени други дополнителни трошоци!“ – соопшти ова министерство денес.

Најнови вести

To top