Македонија

Уште 10 нови дестинации од Македонија кон светот

Се преговара за директни авиолинии со Данска, Финска и Блискиот Исток

 

Двата македонски аеродрома ќе бидат поврзани со 10 нови дестинации во зимската сезона која започнува од крајот на октомври и ќе трае до крајот на март, најави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија, во интервју за МИА.

Тој вели дека тимот веќе преговара со авиокомпании за директни линии со Данска, Финска и Блискиот Исток. Паралелно, се подготвува засилена поврзаност со Шпанија и со Обединетото Кралство.

Меѓу најочекуваните летови се новите линии до Бари, Стокхолм и Базел, кои стартуваат на 27 октомври. Ден потоа, на 28 октомври, Скопје првпат ќе се поврзе со Мадрид, а повторно ќе се воспостави и летот до Ларнака. Како што е најавено, на 15 декември треба да почнат летовите за Прага и за Келн.

Проширување следува и кон крајот на март 2026 година. Според најавеното, Виз Ер ќе ја врати линијата Скопје–Будимпешта и ќе воведе нова кон Неапол, додека Охрид ќе добие врска со Милано. Десеттата нова рута е Женева, која ИзиЏет ја обновува на 3 ноември.

ТАВ Македонија и државните институции ќе ги претстават овие новини на туристички настани во Копенхаген, Стокхолм, Тајпеј, Сеул и Токио.

Најнови вести од: Македонија

Ристески: Дигитализација и иновациите во производствените капацитети се неопходни за компаниите да опстанат и да бидат конкурентни на меѓународниот пазар

Годишната индустриска конференција „MANUFACTURING 2026 – Трансформација кон иновации“ е во организација на Македонското здружение на металната и електроиндустријата (MAMEI), Стопанската комора на Македонија и Европскиот дигитален иновациски хаб – ДигитМАК

Туристички бум во Турција: Рекордни приходи од туризмот од 51,3 милијарди долари во првите девет месеци од годинава

Вкупниот број посетители во Турција во наведениот период достигнал 49,1 милион. Руската Федерација со 5,70 милиони посетители, Германија со 5,17 милиони и Обединетото Кралство со 3,20 милиони посетители останаа трите најголеми туристички пазари за земјата.

To top