Македонија

Уште еден сомнителен случај на западнонилска треска

Уште едно лице, на возраст од 76 години, кај кое е потврдено воспаление на мозокот и мозочните обвивки од вирусно потекло, како и позитивна серологија од серум за вирусот западен нил е хоспитализирано во текот на изминатото денонокие на Клиниката за инфективни болести.

Вкупно седум пациенти се водат како клинички суспектни, а кај 10 е потврдено присуството на западнонилска треска од кои тројца се во критична состојба на Одделот за интензивна нега и се на механичка вентилација. Засега нема подобрување на нивната здравствена состојба. Сите пациенти се од Скопје. Ова денеска го изјави директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана, кој рече дека за да се докаже невроинвазивната форма на болеста и за седмиот сомнителен случај потребни се дополнителни испитувања на цереброспиналната течност.

Според него, ПЦР-технологијата не е златен стандард за дијагностицирање на невроинвазивната форма на западнонилската треска и затоа тие пациенти се подложени на дополнителни лабораториски испитувања и се лекуваат како пациенти со западнонилска треска.

„Инкубацијата на болеста трае до 14 дена. Никој не може однапред да предвиди како ќе се развива болеста во поединечен организам. Тоа што се знае досега е дека најподложни на потешка форма се повозрасните лица. Сите пациенти што се хоспитализирани кај нас се постари од 60 години и имаат придружни заболувања. Постарите лица, лицата со хронични заболувања, имунокомпромитираните лица т.е. со ослабен имунитет се најподложни на потешка клиничка слика. Кај околу 80 проценти од заразените болеста поминува лесно или дури и без симптоми“, додаде д-р Цана.

„Нетпрес“

Најнови вести од: Македонија

За Бугарите Васил Бистришки „талкал околу македонското прашање“, иако јасно се борел против бугаризацијата на Македонија и Македонците! (2)

„Бугарскиот, српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. За да покажеме дека немаат никакво право над Македонија и да ја попречиме нивната асимилаторска политика, ние, Македонците треба високо да изјавиме дека не сме Срби, Грци, ниту Бугари, туку одделна македонска нација со свој јазик, национален карактер и историја.“ – истакнал Васил Ивановски-Бистришки (18.10.1906-1991) во неговата бележита статија „Зошто сме, ние Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година. Оваа статија е едно од најтемелните докажувања на македонската национална посебност и идентитет, напишана од Македонец на почетокот на 20 век. Сто и дваесеттата година од раѓањето на овој значаен деец за етноидентитетската, јазична и историска засебност на македонскиот народ е пригода за должно навраќање кон неговото дело.

Васил Ивановски-Бистришки им одржа на Бугарите и Грците „лекција“ за постоењето на Македонците десет години пред „Тито да ги измисли“! (1)

To top