Македонија

Нови 1.200 добро платени работни места на автопатот Прилеп – Битола најави Николоски

Министерот за транспорт со поддршка на саемот за вработување на „Бехтел и Енка“ денеска во Прилеп

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски со поддршка на саемот за вработување на „Бехтел и Енка“ во Прилеп.

„Со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп – Битола се отвoраат околу 1.200 нови работни места и тоа за градежни и сообраќајни инженери, геодети, технички и лаборантски кадар, оператори на градежни машини, возачи и друг тип на работници.

Ова е огромна можност за сите млади луѓе кои завршуваат градежен или архитектонски факултет, за млади инженери, но и за сите коишто сакаат да работат во областа на градежништвото.
Би сакал да ги мотивирам сите жители на Прилеп, но и на останатите општини, на Могила, на Новаци, на Росоман, на Кривогаштани, на Крушево, на Демир Хисар, на Ресен, на Битола, да аплицираат и да си го најдат своето работно место овде“, рече Николоски.
Американско-турскиот конзорциум од саемот во Прилеп ги повика сите заинтересирани да се приклучат во изградбата на коридорите 8 и 10Д.

 

Најнови вести од: Македонија

РЕС СО НОВА ПОНУДА ЗА 2027: ДО 40% ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ФИКСНА ЦЕНА И ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОПУСТИ ДО 6.000 ДЕНАРИ

Компаниите што ќе склучат договор со РЕС на една или две години ќе добијат фиксна цена на електричната енергија и дополнителни попусти од 3.000 или 6.000 денари за редовно плаќање на сметките. За средните и големите претпријатија, РЕС нуди и бесплатна анализа на исплатливоста од инвестирање во батериски системи за складирање електрична енергија

To top