Македонија

Уште пет години за легализирање на дивоградбите

Целта е да им се овозможат на граѓаните кои сè уште не ја завршиле постапката да ги регулираат имотно-правните односи и да ги внесат објектите во правниот систем

 

Собранието ги изгласа измените на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, со кои рокот за поднесување и завршување на постапките за легализација на дивоградби се продолжува за уште пет години.

Одлуката беше донесена на седница на парламентот, по скратена постапка, а измените имаат цел да им овозможат на граѓаните кои сè уште не ја завршиле постапката да ги регулираат имотно-правните односи и да ги внесат објектите во правниот систем.

Со новите законски измени се продолжува рокот за комплетирање на документацијата и за донесување решенија од страна на општините и се овозможува дополнително време за предметите кои се во тек, но не се целосно обработени.

Локалните самоуправи добиваат подолг временски период за административна обработка на илјадниците нерешени барања, Според предлагачите, продолжувањето на рокот е неопходно поради големиот број нерешени предмети, сложените имотно-правни односи и потребата да се избегнат дополнителни судски постапки.

По стапувањето во сила на измените, општините ќе треба да ги информираат граѓаните за новите рокови и процедурите за дополнување на документацијата. Очекувањата се дека во наредниот период ќе се интензивира обработката на предметите, со цел конечно затворање на долгогодишниот процес на легализација.

Најнови вести од: Македонија

Професорот по Римско право не знае да чита анкети – Реакција на МКД.мк и Маркет Вижн за лидерот на Левица

Господинот би требало да знае дека на избори не излегуваат оние што рекле нема да гласаат, а кога се проектираат изборни резултати од анкета се отстрануваат и оние кои се изјасниле дека нема да гласаат за ниту една партија, стои во реакцијата

Нема да има застои во постапките против полицајците за пожарот во Кочани, уверува обвинителката Андонова

Судењето против 13 полициски службеници, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, се одложи

Дали навистина поскапел лебот и зеленчукот во повеќе градови од Македонија?!

Откако горивата имаат повисока цена, следн на удар е лебот. Пекарниците во Прилеп и Битола ја зголемуваат цената на белиот леб од 450 грама – од 35 на 40 денари. Најави има и во дел од пекарите во источниот дел на земјата, односно во Штип и Кочани. Во Скопје, пак, веќе неколку дена се забележува поскапување на бурекот, симитот и други пецива, за околу пет денари.

Стојанче ја газел Ивана со нозете по стомакот, сведочеше сведокот Саздов

Стојанче ја газел со нозете по стомакот, сведочеше Мартин Саздов, зборувајќи за повредите на Ивана, модринките и слично,на денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје на судењето на Стојанче Јовановски за смртта на неговите сопруга и ќерка, Ивана и Катја.

To top