Македонија

Утре на пладне балканскиот траспорт под целосна блокада против Шенген правилата на ЕУ

Точно напладне в понеделник, на 26 јанури, превозниците ќе блокираат 10 гранични премини со 370 камиони револтирани поради новите правила за влез и излез од Шенген зоната. Затворени исклучиво за товарен сообраќај ќе бидат премините Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блато и Блаце, а Табановце – Прешево ќе биде затворен од српска страна.

Утре на пладне балканскиот траспорт ќе биде под целосна блокада. Камионџиите со своите шлепери се селат на граничните премини кон европа револтирани од новите европски правила со кои им се ограничува престојот на европско тло на само 90 дена. Протестот ќе започне во исто време во Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина на сите излезни граници кон некоја европска земја со цел да се укаже на проблемите со
воведуавњето на ЕЕС системот со кој електронски се следи и ограничува бројот на денови за рестој во ЕУ.

Билјана Муратовска од здружението „Макам-транс“ вели дека првите 12 часа ќе бидат затворени премините само за товарен сообраќај за излез од Македонија, а на полноќ и оние за влез во земјава. Тоа значи дека преминувањето за граѓаните останува отворено. Ќе се направи исклучок само за пропуштање на камиони со лекови, жива стока или експлозиви и муниција. Планот е протестите да продолжат во текот на следните 7 дена. Целосна блокада на граничните премини од утре почнува и во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Македонија како и другиет земји кои се приклучуваат на протестот се континентални дражви кои единствени преку камионскиот превоз имаат извоз и увоз на стоки особено што кај на нема ниту железница а земјите каде ова правило ќе важи е се поголем.

Според Муратовска ако сака европа веднаш може да го реши проблемот и да го спречи протестот така што ќе ги вброи и камионџиите во онаа регулатива со која се изземаат персоналите на бродскиот авионскиот и железничкиот сообраќај или да воведе 5 годишни визи за транспортерите како што првично се планирало.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека Владата е на страната на транспортетите и сериозно го сфаќа проблемот.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола се гради со силна динамика, започнуваме постапка за изградба на автопат и од Фариш до Прилеп

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Прилеп најави три крупни инфраструктурни проекти за долгорочен развој за општината

To top