Македонија

Утре посебен соообраќаен режим во дел од Скопје

Поради протесте во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија

 

Протестот ќе започне во 12.05 часот пред зградата на ССМ на улицата „Мирче Ацев“.

-Според најавената траса, учесниците ќе се движат лево по улицата „Филип Втори Македонски“, потоа десно по „11-ти Октомври“, право по „Димитрие Чуповски“, десно по „Васил Главинов“, продолжувајќи право по булеварот „ВМРО“, а потоа лево по булеварот „Илинден“, сè до Владата на Република Македонија – наведоа од МВР.

При тоа, нагласуваат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воведување посебен режим на сообраќај на наведените сообраќајници во градот.

Од полицијата апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите и упатствата на полициските службеници на улиците каде што ќе се движат учесниците во протестот.

Најнови вести од: Македонија

Иран собори два американски борбени авиони: Потрагата по еден од пилотите се уште трае

Нафтените пазари беа затворени откако референтните цени на американската сурова нафта пораснаа за 11 проценти во четвртокот по говорот на Трамп кој не понуди јасен знак за непосреден крај на војната.

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

To top