Македонија

Утре започнува учебната година, обезбедени учебници за сите ученици

Утре, 1 септември 2025 година, започнува новата учебна 2025-2026 година, која ќе трае до 10 јуни за сите ученици, освен за матурантите, чии редовни часови ќе завршат на 15 мај.

Утре, 1 септември 2025 година, започнува новата учебна 2025-2026 година, која ќе трае до 10 јуни за сите ученици, освен за матурантите, чии редовни часови ќе завршат на 15 мај. Министерството за образование и наука соопшти дека сите ученици се обезбедени со учебници, вклучително и нови учебници по странски јазици, кои се воведуваат по седум години пауза. Условите за настава се подобрени во многу училишта, а инклузијата е унапредена со ангажман на дополнителни образовни асистенти во основното и, за прв пат, во средното образование. Исто така, учениците ќе се запознаат со можностите на вештачката интелигенција и ќе учат како етички да ја користат за образовни цели.

На денешната прес-конференција, министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, ги презентираше клучните новитети за учебната година, истакнувајќи дека очекува повисок квалитет на наставата во споредба со претходните години.

„Втора година по ред, учебната година започнува со обезбедени учебници за сите ученици. Воведени се целосно нови учебници за седмо одделение во основните училишта и за прва година во гимназиите, согласно новите наставни програми. Овој процес на обнова на наставните материјали ќе продолжи и во иднина. По седум години, учениците конечно ќе добијат учебници по англиски, француски, германски и италијански јазик“, изјави Јаневска, додавајќи дека над 90% од учебниците се веќе дистрибуирани.

Министерката потенцира дека со новиот Закон за учебници, изработен во соработка со сите засегнати страни, вклучително и издавачките куќи, се надминати долгогодишните проблеми со учебниците. Сега нема предмети без учебници, нема користење на материјали без регулирани авторски права, ниту доцнење во испораката.

Инвестициите во образовната инфраструктура се исто така значителни. Во изминатата година започна инвестициски циклус вреден 67 милиони евра, при што дел од проектите се завршени, а други се во тек.

Јаневска најави и воведување на нов електронски дневник со подобрени функционалности, кој ќе им овозможи на наставниците лесен пристап и ефикасно внесување на податоците.

„Вештачката интелигенција станува дел од наставата. Изготвен е детален прирачник за обука на наставниците и учениците за етичка и ефективна употреба на овие технологии“, рече министерката, заблагодарувајќи се на професорите од Факултетот за информатика во Штип. Таа додаде дека обуките за наставниците ќе започнат веднаш на почетокот на учебната година.

Инклузивноста е унапредена со ангажман на 1346 образовни асистенти во основните училишта и, за прв пат, 130 асистенти во средните училишта за поддршка на учениците со посебни потреби. Исто така, воведено е формално образование за децата на долготрајно болничко лекување, кои ќе можат да следат настава онлајн или да работат индивидуално со наставници, во зависност од нивната здравствена состојба.

„Верувам во посветеноста на наставниците и очекувам мотивирано да ја започнат учебната година. Како што беше договорено минатата година, платите на наставниците ќе се зголемат од 7,5% до 10%, во зависност од инфлацијата, за да обезбедиме реален раст на приходите“, истакна Јаневска.

За поддршка на талентираните ученици, Министерството обезбеди целосно покривање на трошоците за учество на меѓународни научни олимпијади. Дополнително, за сите ученици е воведено професионално и кариерно насочување.

Според податоците од општините, учебната година ќе ја започнат околу 245.000 ученици, од кои 177.800 во основните и 67.200 во средните училишта.

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

Секоја десетта цигара во ЕУ е нелегална, црниот пазар ја опфаќа и Македонија

Предизвик за европските институции не е само растот на нелегалното производство, туку и неусогласениот начин на кој земјите му се спротивставуваат. Националните системи за контрола и спроведување значително се разликуваат, кривичните дела и казните не се доволно хармонизирани, а и натаму постојат празнини во соработката и размената на информации меѓу надлежните институции.

To top