Македонија

Утрово активни четири пожари

Активни четири пожари и тоа во општините Чашка,  Липково, Студеничани и Македонски Брод

Утрово на територија на државата активни се четири пожари, информира Центарот за управување со кризи.

Во општина Чашка, над Богомила гори мешана шума,

во општина Липково помеѓу селата Ваксинце и Слупчане е опожарена нискостеблеста шума,

во општина Студеничани, поточно кај селото Дречавица има шумски пожар во планина,

а во општина Македонски Брод кај село Грешница гори деградирана нискостеблеста шума.

Под контрола се пожарите во општина Долнени, кај село Стровија, зад место викано Гајдарец – Клепало каде е опожарена нискостеблеста шума и во општина Желино, кај село Церово, каде гори мешана шума.

Според информациите на ЦУК, изминатото деноноќие имало вкупно 23 пожари од кои 17 се изгаснати.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top