Македонија

Вандализам во Македонска Каменица: оштетени урбана опрема во Паркот на рударите и демолиран градскиот јавен тоалет!

Зошто?! Уништување јавен имот на општината, од корист и потреби на сите граѓани, заради нечија „забава“?!

Градоначалничката на Општина Македонска Каменица Соња Стаменкова преку објава на фејсбук информира дека во текот на изминатите денови се регистрирани нови случаи на вандализам врз јавниот имот на територијата на општината.

На терен како што соопшти таа е утврдено оштетување на урбаната опрема во Паркот на рударите, како и значителна штета на градскиот јавен тоалет лоциран кај автобуската станица, каде е уништена влезната врата и дел од внатрешниот инвентар.

Стаменкова, ги осуди ваквите појави, посочувајќи дека уништувањето на јавниот имот претставува директен напад врз заедничките ресурси на граѓаните и врз напорите на локалната самоуправа да создаде уредена и безбедна урбана средина.

-Овие чинови се недозволиви и нанесуваат штета која сите ја плаќаме. Апелираме до надлежните институции случаите да бидат расчистени, сторителите пронајдени и санкционирани согласно законот. Јавниот имот е заедничка одговорност и мораме да го чуваме, истакна Стаменкова.

Општината упатува јавен повик до граѓаните активно да пријавуваат вакви појави и да дадат свој придонес во зачувување на јавните површини, со цел да се обезбеди достоинствен изглед на градот и сигурна околина за сите жители.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top