Македонија

Ване Цветанов додека бил на функција трошел без покритие и ја вработил невенчаната сопруга

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против Ване Цветанов, поранешен вршител на должност претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата. Според Обвинителството, тој со неизвршување и пречекорување на службени овластувања набавувал стоки и услуги за лични цели, ангажирал блиски лица без одлуки од Советот и склучувал […]

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против Ване Цветанов, поранешен вршител на должност претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата. Според Обвинителството, тој со неизвршување и пречекорување на службени овластувања набавувал стоки и услуги за лични цели, ангажирал блиски лица без одлуки од Советот и склучувал договори кои резултирале со штета врз буџетот на институцијата.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен предлог против едно лице на кое му се става на товар дека сторило кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување по чл.353 ст.5 вв ст.1 од Кривичен законик.

Според обвинението, во периодот од 2021 година до 15 март 2022 година, обвинетиот, во својство на вршител на должност Претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата (СУНРСМ), со неизвршување и пречекорување на службени овластувања, постапувал спротивно на повеќе законски прописи и со тоа прибавил противправна имотна корист за себе и други лица, нанесувајќи притоа значителна штета на буџетот на институцијата.

Иако бил свесен дека не се спроведени потребните постапки согласно Законот за јавни набавки, обвинетиот незаконски набавувал стоки и услуги од економски оператори, што главно ги користел за лични цели. Притоа се потрошени:
– 1.062.963 денари за ресторански услуги, хотелско сместување во Скопје, безалкохолни пијалаци, кафе, тоалетни производи и сл.
– 300.350 денари за конференциски услуги што не биле реализирани, но се исплатени.
– 317.859 денари за такси и изнајмување на возила.
– 741.649 денари за хотелски и туристички услуги во земјава и странство (вклучувајќи пенали за откажување и промени на патување).

Иако Советот како институција немал потреба од ангажирање на надворешно правно лице за обука од областа на менаџирање со работни процеси во институцијата, ниту пак обвинетиот имал потреба да поседува сертификат каков што издавало правното лице, за ваков вид на обуки на правното лице му биле исплатени 295.000 денари.

Со пречекорување на границите на своето службено овластување постапил спротивно на Законот за спречување на корупција и судир на интереси, спротивно на одредбите од Статутот на Советот и од Законот за ревизија. Обвинетиот без претходно донесена одлука на Советот на СУНРСМ за потреба од ангажирање на надворешно лице, без предвиден надомест за ангажирање како надворешен советник за специјални цели во Советот склучил последователно три договори со својата невенчана сопруга.

Врз основа на склучените договори обвинетиот носел решенија за службени патувања во странство каде трошоците за патувањето и сместувањето биле на товар на СУНР, а трошоците за исхрана биле покриени преку утврдени дневници за кои тој носел одлуки за нивна исплата. На овој начин само по основ на исплата на дневници и патни трошоци обвинетиот го оштетил буџетот на Советот за 93.800 денари.

Со пречекорување на границите на своето службено овластување постапил спротивно на одредбите од Законот за ревизија, Статутот на СУНР и Законот за трансформација во редовен работен однос. Обвинетиот без претходно донесена одлука на седница на Советот за потреба од ангажирање на надворешни лица склучил 18 договори за ангажирање на физички лица при што од буџетот на институцијата биле исплатени 1.934.237 денари.

Овие средства биле исплатени за: авторски дела – пишан материјал и совети од областа на управување со човечки ресурси; од областа на јавните набавки; за изработка на детална техничка спецификација за набавка на опрема од сегмент на информатички технологии; за пружање професионална поддршка на Комисијата за техничка евалуација на пристигнати понуди за јавна набавка на опрема; интелектуални услуги со утврдени обврски на авторот за промовирање на СУНР пред домашна и меѓународна јавност; консултант за Анти-корупциски практики; Консултант за пронаоѓање/посредување на партнери, инволвирање на институции и експерти од Р.Грција, како посредување помеѓу Министерство за финансии на Р.Грција, Регулаторно тело за комерцијална ревизија на Р.Грција, Стопанска комора на Р.Грција и останати светски институции; изработка на проектно-техничка документација за реконструкција на службени простории во СУНР; Консултант за изготвување на Завршна сметка; ангажман на извршител на спроведување на соодветен пристап при изработка на Завршна сметка и други финансиски обврски, како и логистичка поддршка при работни средби и семинари во организацијата на нарачателот, а за превизори ментори од Р.Бугарија, активности во Скопје и Штип, за месечен надомест во износ од 54.000,00 денари; волонтирање за месечен надомест во износ од 36.000 денари; Развој и истражување врз база на спроведување на ескспресна анализа на специјализирани тематски прашања поврзани со имплементација на Законот за ревизија во информатичко технолошки можности.

Обвинетиот со пречекорување на границите на своето службено постапување, спротивно на Статутот на Советот и на Законот за ревизија без претходно донесена одлука на одржана седница на Советот и без склучен договор ангажирал правно лице за инсталирање Апликативен софтвер за основни средства и Апликативен софтвер за финансиско книжење, иако Советот веќе имал склучено договор со друго правно лице за годишно одржување на Апликативен модел за 2022 година и Модул за финансиско сметководство.

Најнови вести од: Македонија

Владина делегација на средби во УНЕСКО – Ќе има ли договор за заштита на Охридскиот Регион?!

Во фокусот на разговорите беше состојбата на Охридскиот Регион како природно и културно светско наследство, при што беше нагласена важноста од континуирана и навремена имплементација на препораките за заштита, со цел зачувување на неговиот статус на Листата на светско наследство.

Ревизијата откри куп пропусти во ДСЗИ – Какви играчки и козметика се продаваат во продавниците?!

Дали и кој може да гарантира дека на рафтовите во продавниците има безбедна козметика и играчки за децата. Во Македонија има листа на забранети супстанци но таа е од 2010 и досега не е ревидирана. Тоа остава простор за соменвање дека штетни и опасни материи по здравјето можеби ги има во дел од овие производи, констатирал Државниот завод за ревизија кој и утврдил дека во државата нема ниту соодветна лабораторија за роверка на забранети супстанци.

(Видео): Министерот за внатрешни и премиерот прикажаа дел од запленетата дрога

Запленетите количини, Тошковски рече дека во моментов се складирани во простории на МВР и ќе служат како доказен материјал во постапката што се води во соработка со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Тој рече дека се преземаат сите потребни чекори за да може да се утврди фактичката состојба и да се расветли овој случај.

(Видео): ССМ притиска, премиерот обвинува за политиканство, СДСМ ги поддржува протестите за повисоки плати

Блокирано Собрание – разбранувани работници. Малите плати повторно ги извадија синдикатите и работниците на улица. Премиерот Христијан Мицкоски гледа политичка заднина во протестите.

„Политичарите се како гулабите, кога се долу јадат од рака“ – блокада на Собранието

Од девет часот утринава, двата влеза за коли во Собранието беа блокирани од членовите на Сојузот на синдикатите на Македонија, за да не можат пратениците да земат патни трошоци за кои, според претседателот на Синдикатот,Трендафилов, наплаќаат како да трошат керозин. Работниците особено се лутат на народните избраници зашто две години го блокираат предлогот од ССМ за зголемување на работничките плати, односно за зголемување на минималната плата и на сите други плати.

Полицијата спречи оружен инцидент – запленети пушки, пиштол и муниција

На 08.02.2026 во 10:15 часот кај месноста „Црници“ во атарот на село Степанци, општина Чашка, полициски службеници од Полициското одделение во Чашка ги лишиле од слобода В.К.(57), И.Т.(51) и Б.Н.(77), сите од Прилеп.

Триесет години од атентатот врз претседателот Глигоров: Многу прашања останаа неодговорени

Триесет години по атентатот на првиот претседател на самостојна Македонија Киро Глиговор се бараат одговори на четири клучни прашања: кои беа причините и мотивите за атентатот, кои се можните нарачатели и извршители, дали можеше и зошто не беше превениран атентатот и зошто државните органи во изминатите три децении не дадоа одговор на овие прашања. Дел од учесниците на денешната научна и стручна конференција „Триесет години од атентатот врз Киро Глигоров, претседател на Република Македонија и врховен командант на АРМ“, сметаат дека мотивите се политички и дека целта била земјата да го смени правецот на „движење“.

Возеле и без дозвола и со забрана за возење: уапсени 11 лица, одземени им се возилата

Во текот на вчерашниот ден биле уапсени дури 11 лица кои возеле автомобил, иако не исполнувале услови. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, овие 11 возачи се лишени од слобода поради возење со активна забрана за управување возило, без возачка дозвола или под дејство на алкохол.

To top