Македонија

Варади: Македонскиот пазар е еден од најважните во Западен Балкан, а Скопје база за постојан раст

Го зајакнуваме присуството на „Виз Ер“ во Македонија изјави Јожеф Варади

mia.mk

Го зајакнуваме присуството на „Виз Ер“ во Македонија со зголемување на флотата со шести авион во Скопје и 13 нови рути на нашата веќе широка мрежа, инвестирајќи истовремено во професионалниот развој на младата работна сила – вели Јожеф Варади, извршен директор на „Виз Ер“, во интервју за МИА.

Варади истакнува дека со ова се создаваат можности за нови авиолинии, зголемување на фреквенциите на популарни дестинации и поголем избор за патниците по ниски цени. Со шестиот авион се лансираат нови рути од Скопје до Бари, Неапол, Будимпешта, Келн, Штутгарт, Ларнака, Мадрид, Прага и Стокхолм, како и четири нови рути од Охрид до Базел, Милано, Катовице и Вроцлав.

Македонскиот пазар, според него, е еден од најважните во Западен Балкан, а Скопје останува база за постојан раст.

-Со нудење опции за патување со ниски цени им олеснуваме на туристите да ја посетат Северна Македонија и да ги откријат нејзините природни убавини, култура и гостопримство – нагласува Варади.

Тој ги посочува придобивките од зголемени приходи од туризмот, поттикнување на деловните врски, јакнење на интеграцијата со Европа и отворање нови локални работни места за кабински персонал, пилоти и инженери.

Варади и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вчера најавија уште пет авиолинии до Скопје и Охрид, зголемување на флотата со уште еден авион на аеродромот во Скопје и дополнителни 100 вработувања, со што бројот на локални кадри во компанијата ќе достигне 300.

Од летната сезона 2026, аеродромот во Скопје првпат ќе се поврзе со Неапол, а повторно се враќа линијата до Будимпешта. Аеродромот во Охрид добива директни летови до Милано Малпенза и Вроцлав, како и враќање на рутата до Катовице.

Летовите од Скопје до Неапол и Будимпешта ќе започнат на 30 март 2026 година, три пати неделно (понеделник, среда и петок). Од Охрид до Милано Малпенза летовите исто така стартуваат на 30 март, до Вроцлав на 7 јуни, а до Катовице на 8 јуни.

„Виз Ер“ е корисник на државни субвенции од 2012 година. Годинава компанијата најави нови рути од двата македонски аеродрома до Стокхолм и Мадрид од 2 ноември, до Келн, Бари и Прага од 20 декември, како и до Ларнака од 30 октомври.

Најнови вести од: Македонија

Скопјаните Љ.А.(35) и Н.Д.(40) нападнале пејачка во локал во Аеродром и ѝ се заканувале, па полицијата ги уапсила!

Двајцата напаѓачи се лишени од слобода по инцидентот во угостителскиот објект на подрачјето на општина Аеродром, каде што, според пријавата, физички ја нападнале пејачката и ѝ упатувале закани, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Фаризи: ДУИ не може да функционира во правна држава, туку само во илегала, бидејќи оттаму се дојдени! – Нивен беше протестот за правосудниот испит на албански јазик!

„Ние треба да водиме надворешна политика, која ќе биде во рамнотежа со сите големи актери на светот. Ние сме демократска држава со стремеж кон Европската унија, но треба да ја водиме политиката според интересот на нашата држава, а не како ќе му се допаѓа на некој друг. Христијан Мицкоски дојде на власт со ветување дека ќе има цврст став оти нема да се промени на Уставот, ако нема гаранција од страна Бугарија. Тоа го подржувам. Ние не сме единствената држава, која има преговарано со соседите и нема држава, која платила толкава цена.“ – нагласува политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи во одговорот на прашањето како ја оценува Македонија на надворешен план, во рамки на интервјуто за „Република“.

Архиепископ г.г Стефан: На мајчин македонски јазик да објавиме ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

Светлината на Христа воскреснатиот нека нè просвети, та, со нашата вера и со богоугодни дела, да го озариме светот со велигденска радост, па во братољубие, оттука, па до сите краишта на светот, до каде што нè има како народ и како Црква, да објавиме на нашиот мајчин македонски јазик: ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

To top