Македонија

Василевска: Дали за СДС патот до ЕУ е преку бегање од работни групи и негласање за реформски закони?

Пратеничката посочува дека кога ќе дојде редот да се работи на реформите , од СДСМ не ги поддржуваат законите, но и избегнуваат да учествуваат и во процесите што треба да доведат до нивно креирање

Со месеци наназад од СДСМ постојано бараат испорака на законите од Реформската агенда, зборуваат за европскиот пат и се обдуваат да се претстават како единствен фактор кој се грижи за евроинтеграциите на државата, истакна на прес-конференција пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска.

Таа вели дека кога ќе дојде моментот тие закони да бидат ставени на гласање во Собранието, од СДСМ не гласаат и наместо конструктивност, избираат политички калкулации.

-На вчерашната собраниска седница беа разгледувани и усвоени повеќе значајни законски решенија кои се дел од Реформската агенда и кои се важни за исполнување на обврските што државата ги презема во процесот на европската интеграција.

Дополнет беше Предлог-законот за судска служба со 61 глас „за“ и 12 „против“.

Дополнет беше Предлог-законот за јавнообвинителска служба со 62 гласа „за“ и 13 „против“.

Усвоен беше Предлог-законот за високи раководители со 62 гласа „за“, а пратениците од СДСМ не гласаа.

Дополнет беше и Предлог-законот за користење на енергија од обновливи извори со 62 гласа „за“, додека СДСМ повторно не даде поддршка.

Предлог-законот за оружје беше усвоен со 70 гласа „за“, СДСМ не гласаше.

Ова јасно покажува дека кога станува збор за конкретни реформи, СДСМ нема намера да придонесе. Лесно е да се зборува за Европа на прес-конфернеции, но многу поважно е како се постапува кога треба да се гласа во Собранието, истакнува Василевска.

Пратеничката посочува дека кога ќе дојде редот да се работи на реформите , од СДСМ не ги поддржуваат законите, но и избегнуваат да учествуваат и во процесите што треба да доведат до нивно креирање.

-Така беше со работната група за Изборниот законик, од СДСМ не учествуваа и избраа да ја бојкотираат работната група, иако таа има задача да ги имплементира препораките на ОБСЕ и ОДИХР и да ги усогласи со стандардите што ги бараат европските институции. Токму овие препораки, се дел од извештаите за напредокот на државата и се важен дел од реформскиот процес.

Јавноста има право да знае, дали за СДСМ европски пат е да не се поддржи ниту едно решение и да се бега од работните групи, а и да не се гласа за реформските закони?

Европскиот совет и Европската комисија ја препознаваат динамиката со која Македонија ги реализира реформите. Тоа е причината поради која нашата држава доби и најголем износ на финансиска поддршка од Планот за раст, во споредба со останатите земји од регионот.

Европската Унија внимателно го следи реформскиот процес и ги поздравува чекорите што ги презема Владата. За жал, за СДСМ ниту оценките од европските институции, ниту конкретните резултати, очигледно не се доволни за да покажат одговорност и да дадат поддршка, нагласи Василевска.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top