Македонија

Важно известување: Апликацијата „МојДДВ“ ќе биде недостапна

Од УЈП појаснуваат дека недостапноста се должи на миграција на системот на нова, ИТ инфраструктура, која треба да обезбеди поголема сигурност и подобра достапност на услугата во иднина.

Апликацијата „МојДДВ“ утре (вторник) ќе биде привремено недостапна за граѓаните поради планирана техничка надградба, соопшти Управата за јавни приходи. Прекинот во работата на овој систем ќе започне утре, 23 јуни 2026 година (вторник), точно во 12:00 часот.

Од УЈП појаснуваат дека недостапноста се должи на миграција на системот на нова, ИТ инфраструктура, која треба да обезбеди поголема сигурност и подобра достапност на услугата во иднина. Како што информираат од Управата, апликацијата за скенирање фискални сметки ќе биде повторно ставена во функција веднаш штом ќе завршат техничките активности на терен. Од Управата за јавни приходи воедно апелираат до граѓаните за трпение додека трае процесот на модернизација на системот.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top